Минатата година на неколку средби со еврокомесарката за транспорт, заедно со претставниците од Бугарија и Албанија баравме Коридорот 8 да биде вметнат на мапата на главни коридори на ЕУ, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во „Топ тема“ на Телма.
Тој додаде дека овој коридор, кој ги поврзува Јадранското и Црното Море и минува низ земјава, не беше комплетно ставен на мапата на главни коридори, туку беше спореден.
Тоа барање било испратено и во 2013 година од македонската Влада, но тогаш не било прифатено. Денес е прифатено поради тоа што и во нашата презентација, но и од страна на Бугарија и останатите држави каде што минува истакнавме дека работиме на доизградба на коридорот, рече Бочварски.
Министерот додаде дека е важна одлуката овој коридор што е помеѓу главните коридори, но сега останува на нас да работиме на доизградба и час поскоро да го завршиме овој проект.