• Latest

Бочварски: Верувам дека граѓаните препознаваат кој работи искрено и чесно

November 5, 2019

Си-ен-ен: Планот на Нетанјаху за преземање на Газа не задоволува никого освен него самиот

August 9, 2025

ДИК го усвои календарот за локалните избори: Поднесување листи на кандидати до 13 септември, кампањата ќе почне на 29 септември

August 9, 2025

ЦУК: Вкупно пет пожари на отворен простор, од кои два се изгаснати, а три сè уште активни

August 9, 2025

Внатрешна контрола на МВР го проверува постапувањето на полициските службеници за време на претресот во Демир Хисар

August 9, 2025
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 10 мај 2025 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025
Фотографија: Собрание на РСМ

Гаши ги распиша осмите локални избори што ќе се одржат на 19 октомври

August 9, 2025

Упад на полиција во дом на директорка на училиште во Демир Хисар – нејзиниот адвокат обвинува за политички притисок на ден пред распишување на изборите

August 9, 2025
Фотографија: Фејсбук профил на Окуружното обвинителство во Херсон

Руски напад со дрон врз минибус во областа Херсон, повредени 16 лица

August 9, 2025

Министерството за здравство ја презема контролата врз лиценцирањето на стоматолозите поради сериозни пропусти и сомнежи за злоупотреби

August 9, 2025
Фотографија: Скриншот FoxNews

Иран го поддржа мировниот договор меѓу Азербејџан и Ерменија

August 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Бочварски: Верувам дека граѓаните препознаваат кој работи искрено и чесно

„Верувам дека граѓаните препознаваат кој работи искрено и чесно, а кој е оној кој само критикува или измислува и се бави со секакви монтажи“, рече Бочварски.

November 5, 2019 15:33
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, својот двегодишен мандат го посвети на капитални проекти и домаќинско штедење, а како што изјави во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа, општината вложила максимален труд во водење на транспарентни политики.

Со Бочварски, разговаравме токму за вложените 200 милиони денари капитални инвестиции, очекувањата на граѓанките и граѓаните наспроти остварувањата на Општината, односот меѓу локалната и централната власт, ризикот од лажни вести и дезинформации, како и за влогот на локално ниво во социјалното претприемаштво и грижата за лицата со посебни потреби.

„Со новиот ребаланс на буџетот имаме покачување на многу ставки што се однесуваат на реализација на капитални проекти… Капиталните инвестиции, вклучувајќи ја и детската градинка, заедно со реконструкциите во училиштата и градинки, до крајот на годината ќе достигне некаде околу 200 милиони евра. Ова е многу значајно и е најголемата сума на издвоени капитални за една година во Општина Штип. Од една страна сум горд што испеавме да спроведеме капитални проекти, тоа значи развој на општината. Од друга страна ставката за плати не ја покачивме, внимаваме, немаме вработувања, само неколку вработувања на испразнетите места, 4 до 5 од вкупно 51 празно работно место во Општината. Имавме пренамена на ставката возило на Општината во опрема за пожарникарите… “, изјави Бочварски, како отчет за дел од сработеното на Општината во неговиот двогодишен мандат.

Бочварски за ново изградената градинка, од 1600 метри квадратни со капацитет за 200 деца, рече дека градежните зафати се прикрај, следно е, во координација со Министерството за труд и социјална политика, внатрешно уредување. Во зависност од периодот и времетраењето на вработувањето стручен кадар, Бочварски очекува наредната година, сепак, градинката да почне со работа.
Бочварски се пофали дека Штип е прогласена за најтранспарентна веб-општина, што само покажува на трудот што го вложиле во изминатите две години.

„Преку секојдневни прес-конференции јас ги информирам граѓаните за сè она што е значајно и го работи општината… Се обидувам сè што го правиме да се објавува на веб – страницата на Општината, за да може граѓаните да се располагаат со точни, прецизни и навремени информации, ги информираме и преку нашите Фејсбук страници. Имаме секојдневни средби и комуникација со граѓаните, често организираме средби во урбаните заедници… кога јас не сум во можност, моите советници и службите во Општината секогаш се на располагање за граѓаните. Очекувам дека ќе го задржиме приматот најтранспарентна општина“, истакна Бочварски зборувајќи за начинот на кој жителите на Штип можат да се информираат за работата на Општината.

Бочварски истакна дека овие две години биле навистина тешки, но дека е задоволен од постигнатото. Иако постојат работи за кои постои можност граѓаните да бидат незадоволни во некои сегменти, тој истакнува дека остануваат уште две години макотрпна работа и исполнување на очекувањата на граѓанките и граѓаните.

„Ќе се обидам да го реализирам она што сум го ветил. Во таа програма има големи и крупни проекти. Секога кажувам дека работата на градоначалникот не смее да се сведе на промена на бекатон плочки на тротоари или мали градежни зафати што се значајни за граѓаните, но не можат и не смеат да бидат приоритет, број еден, во работата на еден градоначалник“, потенцира Бочварски.

Тој е задоволен од соработката меѓу локалната и централната власт. Како пример ја посочи изградбата на браната на реката Отиња, сон на штипјани цели 40 години.

„Ние како локални власти мораме да наоѓаме сами начини и решенија, а централната власт само да помогне онаму каде навистина локалната власт не може да одговори“, објасни Бочварски.
За лажните вести и дезинформации Бочварски бара сите заеднички да се бориме против нив, затоа што многу често се на тапет со ниски удари да се омаловажи нивната работа. Сепак, тој смета дека негово е да работи во интерес на граѓаните со сите слабости и грешки што можат да настанат при работењето.

„Верувам дека граѓаните препознаваат кој работи искрено и чесно, а кој е оној кој само критикува или измислува и се бави со секакви монтажи“, рече Бочварски.

За социјалното претприемништво и грижата за лицата со посебни потреби, Бочварски истакна дека се во комуникација со невладините организации, организираат дебати на овие теми, за да не остане само на декларативни заложби туку и со конкретни мерки и чекори да се решат проблемите. Бочварски смета дека луѓето се задоволни.

Биљана Јордановска

Фотографија: Филип Петровски

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ЦХТМ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ