Categories

#CivilFest Богата програма и на вториот ден од ЦИВИЛ ФЕСТ

Вториот ден на ЦИВИЛ ФЕСТ започнува денеска во 12 часот во Младински културен центар (МКЦ) со доделување на наградите за најдобрите граѓански новинарки и новинари.

На вториот ден од фестивалот, ќе продолжат сите содржини предвидени на првиот ден. Освен тие содржини, програмата ќе вклучи работилница за граѓанско новинарство од 13 до 16 часот, сценски перформанс во 19 часот и концертен настап на три бендови во 20 часот. Во меѓувреме, програмата ќе вклучи низа диџејски настапи, како и детско креативно катче за најмладите.

ЦИВИЛ Фест е дводневен мултимедијален настан со што ќе се одбележи Меѓународниот ден на човековите права, 70 годишнината од носењето на Универзалната декларација за човековите права и 19-годишнината од постоењето на ЦИВИЛ. Богатата програма на ЦИВИЛ ФЕСТ предвидува низа концертни и диџејски настапи, мултимедијална изложба, преформанси, видео проекции, презентации, церемонија за доделување на награди за граѓанско новинарство и многу дружење и забава.

Посветена на граѓанското новинарство и активизмот во име на слободата, правдата и еднаквоста, на програмата на ЦИВИЛ ФЕСТ и денеска е мултимедијалната изложба на фотографии под наслов „Фотографии на слободата“ или #FreedomPhoto. Изложбата содржи стотици фотографии што ги одбележуваат граѓанското новинарство и активизмот за човекови права од почетокот на проектот „Граѓански објектив“, 2015 година, до денес.

„Кулите на граѓанското општество“ (#CivilSocietyTowers) претставува специфичен, мултимедијален приказ на активизмот и на граѓанското општество, кои исто така можат да се видат и денеска, заедно со видео проекциите на голем број видео документарни филмови и прилози од граѓански новинарки и новинари, како и од професионалниот тим на ЦИВИЛ.

Фестивалот е дел од проектот „Граѓански објектив“, финансиран од National Endowment for Democracy.

 

 

image_pdf image_print
Print Friendly, PDF & Email