• Latest

Богатите фолиранти – борци за работнички права

May 1, 2018
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Богатите фолиранти – борци за работнички права

May 1, 2018 09:49
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Неколку мои читател(к)и ми се јавија или ми пишаа веднаш по мојот рафал за прегратката меѓу синдикатите и газдите. Повеќето од нив споделија со мене свои горчливи искуства со газди и шефови во компаниите, институциите и синдикати, па и со медиумите. Некои ме потсетија на извештаите, анализите и соопштенијата што моите другарки и другари ги објавуваат постојано и ни честитаа. Некои ме дополнуваа и “потсетуваа” на социјалните мрежи. Сите тие реакции ме доведоа до заклучокот дека мојот првомајски рафал треба да продолжи.

Пишува: Џабир Дерала

Ние ништо не забораваме и не простуваме, ништо не премолчуваме. Ние, ЦИВИЛите постојано пишуваме и говориме, откриваме и објавуваме. Организираме настани  преку целата година, јуриме низ целата земја, разговараме со стотици луѓе неделно. Преку целата година, кога е најстудено и кога е најтопло, а не само во пар мајски денови, пригодно.

Но, дали треба да ги спомнувам тие што молчеа, а можеа да говорат? Кои беа тие? Што правеа? Понекогаш “конструктивно” критикуваа, спроведуваа “истражувања” дебело платени од донаторите, а не мрднаа со газовите од удобните канцеларии. Регистрираа невладини организации, лапаа пари и ги затвораа, за утредента да отворат нова, невладини се претставуваа(т) како синдикати, синдикатите станаа агитпроп штабови…

Тие ли? Или оние што му переа пари на режимот на Груевски, а сега се газди во “професионални и неутрални” медиумски проекти… Седеа на сите столици на кои имаше барем малку г’з место. Па така седнаа и на столиците по падот на режимот, некои од нив дури и поудобно отколку во времето на Фамилијата. За нив, ете, не важеше поговорката “кој на две столици седи…”

Тука се и хистеричните Фејсбук-милитанти кои најдоа лесни мети, бидејќи сега навистина може да се говори слободно. Барем неспоредливо послободно отколку до пред една година. Всушност, мета им е демократијата. Ги заболе нив за сѐ, само сакаат да врескаат колку што може погласно, за да прикријат нешто: се “разбудија” кога беше повеќе од јасно дека режимот паѓа. Пред тоа молчеа, а многумина и колваа од трошките што ги фрлаше Фамилијата на подот, покрај чизмите. Додека колваа од трошките, по малку ги забришуваа и чизмите на деспотот, да л’снат посилно. Но, тие и не се најголемиот проблем. Грди и непријатни се, но кога ќе види човек колку се глупави, му станува некако жал…

Тие што молкум, поднасмевнати се движат низ настаните… погледнете ги тие. Имаат големи, нечесно спечалени пари од дилови, провизии, бакшиши и донации. Нивните богатства вредат стотици илјади, па и милиони евра. Можеби изгледа неверојатно за некој што цел живот работел и ни оддалеку не спечалил ни за покрив над глава, но да се биде невладин или медиумски фолирант и гомнар е супер профитабилно. Ете, тие и таквите се „главните“ борци за човекови права, за социјална правда, за демократија, за работнички права… Корумпираните синдикати и лажните левици не можат до збор да дојдат од нив, кутрите. А колку сакаат да се „остварат“!

Денеска, сите се борат за трошка внимание од угнетените. На Први Мај. Веќе на 3 мај имаат друга тема – слобода на медиумите, онаа истата во чие задушување самите сесрдно учествуваа. Па идат и други мајски денови и вечери, па јубилеен месец по повод 25 години Сорос во Македонија, ехеее, многу дешавки на фолирантските агенди. Мај е многу напнат месец, нема што, многу настани на кои мора да се искриви лицето во снисходливи гримаси. Ова работнициве можеле и во некој друг месец да добијат ден на своите права, што баш мај, ама ајде, ќе издржиме. И онака е само еден ден одбележување на работнички права сега (Азевски побара – Груевски оствари), наместо поранешните два дена.

Да, сите овие фолиранти денеска ќе напишат по некој збор, ќе излезат на приредба-протест за (навистина!) важни теми, но расцепкани и несолидарни затоа што меѓу себе не се трпат, затоа што имаат различни газди (УДБА, КОС, КГБ, Мијалков, Грујо…). Ќе се обидат да го привлечат вниманието на угнетените, да им се додворат, секој со своите мотиви и интереси и… толку.

За тоа време, угнетените ќе ја искористат можноста, на овој убав сончев ден, да направат некоја скара, колку може – толку, да се видат со семејствата и пријателите, да испијат некој литар ракија, некоја гајба пиво. Веќе утре тие мора да продолжат со својот тежок живот, угнетени од бескрупулозните газди, шефовите блиски до газдите и од системот и праксата наследени од диктаторчето, а сѐ уште не сменети.

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ

Tags: Први Мајработнички правасоцијална правда
Share136Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ