Активистот Павле Богоевски на својот Фејсбук профил упати порака до пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев дека е „прочитан како селски буквар, бидејќи навива и обработува за Путин“.
Реакцијата на Богоевски доаѓа откако Апасиев на социјалните мрежи истакана дека „неговиот последен резултат е дека треба да се изврши десоросоизација на македонското општество“. На лидерот на Левица не му се допаѓа како се извесува за руската воена агресија врз Украина.
„Како ќе го наречеме човекот кој директно и отворено работи против интересите на својата држава? И тоа не против оние, апстрактни, антички, библиски и историски, туку против стварните, тековни и стратешки интереси?
Како? Предавник на нацијата? Шпион во својата држава?
Не, нема да си го валкаме речникот со неговите зборови. Ќе го наречеме една обична будала, чие време во политиката започна да одминува.
п.с. димче, твојот последен резултат нема да биде никаква ДЕСОРОСОИЗАЦИЈА (ниту зборот не знаеш да го напишеш правилно). Ќе биде ова патетично навивање и одработување за чудовиштето од Кремљ. Прочитан си како селски буквар, клошару“, пишува Богоевски на својот Фејсбук профил.
Д.М.