• Latest

Богојески: Да „пораснеме“ како нација, низ созревање на индивидуалецот

November 28, 2018

Изборна хроника: Експерименти, вилаети, Халкидики, Дубаи и Холандски парк меѓу ветувањата за инклузивност, градинки и противпожарни станици

October 7, 2025
Снимка од украински војници како држат знаме во Сичњеве, Днипропетровската област, Украина. Снимки објавени на 7 октомври 2025 година. Фото: 141-ва механизирана бригада/Телеграм

„Ја ослободуваме нашата земја, чекор по чекор“ – Украина известува за успешен контранапад во Днипропетровскaта област

October 7, 2025
Фото: Министерство за финансии

Две лица лишени од слобода под сомненија за нехуман третман по претресите во домови за стари лица во Скопје

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на TalkTV

Заменик-лидерот на британската Зелена партија ги брани своите коментари за рабинот од Лидс кого го нарече „животно“

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на ТВ21/Фејсбук

ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук

Над 200 руски војници осудени за воени злосторства во Украина

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Богојески: Да „пораснеме“ како нација, низ созревање на индивидуалецот

November 28, 2018 13:06
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Со симбиоза на општество на инклузивниот човек и општество на индивидуални вредности, ќе имаме трето општество – на инклузивни вредности. Односно, општество и вредности околу кои ние сите ќе се обединуваме како единки и кои ги носиме во себе. Идентитет базиран на вредности, а не на митови… Доколку созрееме со идентитет дека пред сѐ сме биолошко суштество наречено човек, а потоа секој се идентификува и за свои ги прифаќа вредностите кои ги истакнувале нашите постари генерации, или вредности кои ги има и во мојата Библија и во вашиот Куран, од каде што извира религиозниот идентитет, и егото ќе го наполниме со вистинско практикување на индивидуални вредности – тогаш, ние ќе успееме“, смета политичарот Петар Богојески, еден од иницијаторите за реформи во ВМРО-ДПМНЕ.

Кога зборувам за современ македонски идентитет, зборувам пред сѐ, за привилегија на нас, Македонците. Бидејќи од сите нас, кои живееме во Република Македонија денес, а сме биолошки суштества наречени човек, најголем проблем да копаме во минатото имаме ние, Македонците. И најголем интерес и корист ако се надградиме на постоечката состојба денес во Македонија, имаме ние – Македонците. Затоа, во овој современ македонски идентитет јас ги гледам сите кои живееме во Република Македонија, која, пак, ја сметам за делумно функционална држава, со исклучителен капацитет таа државност да биде загрозена од внатрешен фактор. Кога ќе кажам – внатрешен фактор, веднаш сите помислувате на албанското прашање и на проблемите со Албанците, но не мислам на тоа, туку мислам на најсилниот внатрешен фактор кој ја загрозува македонската државност, а тоа е – кризата на македонскиот идентитет. Колку и да не сакаме да признаеме, колку и да сме отпорни на истото, сепак, длабоко во себе сите тоа го чувствуваме. Без разлика дали тоа чувство е поттикнато од други лица, дали тоа чувство ни доаѓа како резултат на туѓи идеологии, како што почитуваниот Љубчо Георгиевски вели, пропаганди, или станува збор за проблем кој настанува како резултат на молкот на науката. Сепак, треба да констатираме дека реално постои криза на личните чувства во однос на особините или својствата со кои се идентификуваме и кои нѐ прават различни од другите.

Денес, националниот идентитет – барем ние, во Република Македонија веруваме – може да биде предмет на размена. Слично како што сметаме дека може да се украде личниот идентитет. Тоа убедување е една од главните причини за фрустрација која силно влијае врз нашите емоции. А тоа е – дека сите сакаат да го украдат нашиот идентитет. Бидејќи идентитетот тесно го врзуваме за историјата, тука неопходен заклучок е дека некој ни ја краде историјата. А кога некој нешто ти краде, имаш право да се браниш. А ако си слаб сам да се одбраниш, очекуваш помош од посилен надворешен фактор. Кога таа помош недостасува, доаѓаш до заклучок дека си обесправен. И така обесправен, како зомби се шеташ по белиот свет, убеден дека тебе сите – сѐ ти украле. Несвесен дека тоа што ти украле нешто е прилика подобро да ги запознаеш нив, за да ти објаснат дека само во твојата имагинација постои кражба на твоето сѐ! Изворот, повторно, е во твојата слабост, во твојата криза на твојот идентитет. Тоа значи дека нешто не е во ред од времето на македонската адолесценција.

Историски, јас таа адолесценција ја гледам во периодот на она народно будење на народите на Балканот – 19 век, во времето на преродбата, кога сме имале недостаток на елемент за себеидентификација, тука во Македонија, и правен елемент – како држава, и историски момент – како херои или битки, со кои другите народи околу нас се идентификувале.

Ние, кои не успеавме да изградиме целосен идентитет во таа адолесцентна фаза, развивме криза на идентитет, имаме конфузија на улогите, незнаејќи кои сме, каде сме, каде припаѓаме и каде сакаме да одиме. Ова е клучниот извор на внатрешниот фактор, кој има капацитет да ја загрози современата македонска државност. Тоа психологијата го идентификува како негативен идентитет. Кај поединецот тоа значи појава на деликвенција или порочност, апатија и инфериорност. А кај нацијата, тоа е претставата за денешната „современа македонска нација“, или деликвентноста во поведението, порочноста на античката слава која ни се нуди погрешно, апатичноста да преземеме иницијатива да ги промениме работите, инфериорноста кон позитивните или модерните трендови кои доаѓаат во 21 век.

Дали ќе ја постигнеме таа зрелост зависи од сите нас. Но, она што денес е суштинско прашање е националниот или личниот идентитет? Што ќе негуваме? Што е приоритетно во 21 век? Или, во „нормалниот свет“? За мене, личниот идентитет – пред националниот! Слаба единка, националниот идентитет го истакнува на пиедесталот, го преценува, над личниот, сопствениот. Но, доколку изградиме општество на инклузивност на единките, тогаш тие ќе западнат во комфорност, односно, ќе се релаксираат од оптовареноста со изгубен или украден идентитет. Така, единката ќе се идентификува и ќе созрее. Тоа е тоа што очекувам да се случува наредите 20 години во Македонија. Во моментот кога егото ќе се препознае, ќе пораснеме како нација, низ созревањето на индивидуалецот.

Она за што јас сакам да зборуваме во наредните години е општество на инклузивниот човек, или општество на индивидуални вредности, како концепт кој го нудам. Алатката која ќе ја користи тој концепт се вредностите и врз база на истите ќе се одвива процесот на инклузивност. Тука имаме проблем со човекот. За мене, човекот во Република Македонија е биолошки организам, функционален на планетата Земја, значи не сме посебни, тука, во Македонија. Во рамки на Република Македонија се сретнуваат такви примероци чија бројка постојано се менува во негативен тренд. За жал, квалитетот на тие примероци сериозно опаѓа. На тој начин, опаѓа човечкиот ресурс како основен атрибут на државноста која јас, како десничар, ја издигам на пиедестал. Со тоа и државата е дерогирана. Тие единки себеси се идентификуваат по повеќе основи. Во Република Македонија предничи националниот идентитет. Во последно време, политичкиот, или таканаречениот партиски идентитет, сериозно ги потиснува останатите. Но, најмногу го потиснува човечкиот идентитет. Тоа е причина на негативните трендови на човековиот ресурс во државата. Да не се лажеме, оној проект за финансирање на трето дете, нема да го подобри човечкиот ресурс во државата, туку ова што го зборувам во последните две реченици е главната причина за дерогирање на човечкиот ресурс во државата.

Концептот кој денеска е мнозински прифатен – „едно општество за сите“, е концепт кој го отфрлам и кој сметам дека е базиран врз национален идентитет. Целосно го исклучува индивидуалецот. Постоењето на ваков концепт било оправдано во претходните два века, но не и денес, во 21 век. Тој концепт е создаден од човечки организам кој е импресиониран од марксистичката поимливост на идентитетите. Тој концепт е причина за „братско војување“ на југословенските народи и народности. Тие во братство и единство се испотепаа меѓу себе. Овој концепт на левицата во Македонија ќе развие такви политички процеси и појави во земјата кои ќе придонесат сите да се испотепаме меѓу себе во едно општество.

Кон што се движиме денес? Кон бинационалност. Многумина викаат дека тоа е имагинација или пропаганда на радикалната или екстремна десница што и да значи тоа денес, зашто, јас не се чувствувам дека припаѓам на истата. Но, и јас успевам да ја видам бинационалноста денес. Во која смисла? Бинационалноста ја гледам како нус-појава на едно општество за сите, а не како некоја надворешна платформа. Многу едноставно. Пред индивидуалецот се издигаат два колективитета. Пред граѓанинот доаѓа Албанецот. Пред Албанецот доаѓа Македонецот, како мнозински народ. Но, Албанецот е пред сите останати, затоа што тој припаѓа на колективитет кој бил дури 20%. Тоа во свеста на Албанецот создаде причина – емотивно Албанците да се претопат во 20%. Денес, Албанецот не е Албанец, туку е 20%. Тоа, пак, го тера истиот тој Албанец од петни жили да докаже дека е 20%, а не да се вгради во современиот македонски идентитет. До тој степен што се бара процентот да стане уставна категорија. Според мене, тоа се граничи со нормалното. Па сега, заедно, Македонецот и Албанецот ќе бидат над-граѓани! Некоја каста, сталеж, некој посебен вид од тоа биолошко суштество кое суштествува во северниот дел од територијата наречена Македонија, а целиот свет го нарекува просто – човек.  Идејата мобилизира. Омразата и опасноста многу повеќе од идејата. А кај нас, за жал, клиентелизмот најмногу. На тој начин, ние во 21 век, имаме современа асимилација, базирана на клиентелизам на оние кои се асимилирани, а во корист на двата мнозински, посебни народи, пред сѐ, на албанскиот кој мора по секоја цена да докаже дека е 20% за да ги зачува своите основни човекови права и слободи.

Овој погрешен концепт на едно општество за сите, појавува нов дефект преку таканаречениот процес европски попис на население, каде што повторно се обидуваме да најдеме манипулативен начин да ја одбегнеме, да не ја евидентираме реалноста денес во Македонија. А тоа е дека ние сите постоиме во Македонија и сме различни. И сето тоа се прави повторно токму заради тие 20%. Овој концепт нѐ носи во длабока криза и не е прилагоден на новите трендови. А новите трендови се да влеземе во НАТО и во ЕУ. Овој концепт, според мене, не ги поддржува тие трендови, туку ги нарушува преку раѓање на нови кризи.

Ако направиме симбиоза – општество на инклузивниот човек и општество на индивидуални вредности, можам да сублимирам, ќе имаме трето општество – на инклузивни вредности. Односно, општество и вредности околу кои ние сите ќе се обединуваме како единки и кои ги носиме во себе. Идентитет базиран на вредности, а не на митови. Почнувајќи од домашното воспитување, преку процес на домашно образование и социјализација, ние созреваме и создаваме идентитет. Доколку созрееме со идентитет дека пред сѐ сме биолошко суштество наречено човек, а потоа секој се идентификува и за свои ги прифаќа вредностите кои ги истакнувале нашите постари генерации, или вредности кои ги има и во мојата Библија и во вашиот Куран, од каде што извира религиозниот идентитет, и егото ќе го наполниме со вистинско практикување на индивидуални вредности – тогаш, ние ќе успееме.

Врз база на истите, а согласно концептот кој ќе форсира инклузивни процеси, луѓето со посебен инклузивен капацитет ќе се издигнат на пиедесталот на општеството. Наместо колективитети, или чопори, ќе се посветиме да создадеме луѓе во вистинска смисла на зборот. Да создадеме индивидуалци кои ќе бидат компатибилни со тековите од 21 век. Овој концепт се потсмева со бинационалноста. Исто така, „во фаца“ им се смее и на Тиранската и на „Паљурската“ платформа. Овој концепт не троши време на 20%, овој концепт не му дава специјални права на 20-процентниот Албанец, или на надпроцентниот Македонец. Овој концепт суспендира не само национална, туку и политичка асимилација. Ова решение препознава само граѓани на републиката, кој согласно на Уставот на истата, ги ужива сите индивидуални човекови права и слободи. Овој концепт не се грижи за „чопорите“ и нивните интереси, туку за единката и нејзиниот достоен опстанок. Овој концепт не фалсификува референдуми, ниту се плаши да попишува помалку или повеќе Албанци. Овој концепт стои силно против северно – Македонецот. Не дозволува нов историски фалсификат и промоција на некоја северна македонска нација. На мене ми дозволува да се идентификувам како Македонец, како мое право на избор. Како мој, себе-прифатен идентитет. Без разлика дали во следните 20 години нашата република ќе биде Северна Македонија или не. Овој концепт ги засрамува оние кои за нас велат дека сме одродени Бугари, но ги засрамува и оние кои за Бугарите велат дека се одродени Македонци. Едноставно, овој концепт не констатира одродени. Тој е против навредите и омаловажувањата.

Омразата се храни со омраза. Национализмот со национализам. Но, и вредностите со вредности. Да им дадеме шанса на вредностите. Да дадеме шанса на инклузивни вредности. На овој начин, идентитетот ќе созрее. Македонската нација ќе излезе од адолесцентен период. И ќе го наполниме македонското его. Тогаш, ние Македонците, нема да бараме уставни гаранции за македонскиот идентитет. Нема да бараме законска заштита за нешто за коешто самите за себе, сме сигурни – што сме. А на Албанците ништо нема да им значат тие 20% во нивниот животен пат. Нивните права нема да зависат од 20%. Тогаш, навистина ќе изградиме едно општество за сите, во кое на рамноправни основи ќе се вклучат и Роми, Турци, Срби, Власи, Бошњаци и сите други со различен национален идентитет. Законски гарантиран идентитет е практикуван комунизам. Слободниот пазар на информации нека дава избор за изградба на индивидуалниот идентитет, вклучувајќи ги тука и сите видови на идентитет, не само националниот.

Современото и модерно општество во последните 20-30 години веќе промовира економски идентитет и истиот го издигнува далеку над националниот. Во суштина, тоа е моторот на глобализацијата. Тоа е новата светска нација. На преден план ги истакнува предностите пред вредностите. За мене, како десничар, малку е проблематичен овој концепт, но од друга страна, е сурово прагматичен и практичен. На тој начин потребите за опстанок на човекот ги идентификува како есенцијални вредности.

Маја Ивановска
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Аријан Мехмети

 


Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста

Print Friendly, PDF & Email
Tags: “едно општество за сите“идентитетиндивидуалецинклузивни вредностикриза
Share120Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ