„Преспанскиот договор е реалност од која не треба да се бега. Сега е најважно да ја валоризираме загубата од тој договор, да влеземе во ЕУ, да станеме рамноправен партнер на сите наши балкански соседи, членки на ЕУ“, вели Петар Богојески од Македонски концепт, кој на јавноста ѝ стана познат како еден од предводниците на Реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ, на прашањето на ЦИВИЛ Медиа – Како го гледате Преспанскиот договор од оваа дистанца?
Тој нагласи дека само обединета Европа, ќе го обедини и помири Балканот!
„Имам визија, во која ја гледам Грција, како голем пријател на македонската самобитност и наш партнер за длабока европеизација на земјава!“, истакна Богојески.