• Latest
Војо Маневски

Бомбирање

December 16, 2022
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Бомбирање

December 16, 2022 11:58
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ 

Ваков наслов исковав, размислувајќи за разните описи на состојбите кои ни станаа секојдневни, а како да сме немоќни пред нив. Не мислев овде на бомбите со кои се предизвикаа политичките промени во државата, туку на секојднeвните известувања за подметнатите експлозивни направи. Не знам дали е исто значењето кога ќе напишеш бомба или експлозивна направa, ама едно е сигурно и едната и другата имаат разорувачко дејство врз околината.

Интересно е дека нивното дејство е силно и ако се активираат и ако не се активираат. Ако испукаат го разоруваат материјалниот свет, ако не експлодираат, а се подели сознанието дека постојат,се разорува психолошкиот свет и настапува разорната состојба наречена – состојба на страв. Стравот донесува многу негативни резултати врз заедницата, кои често можат да се изедначат со материјалните последици.

Цел месец ги слушаме експертите и надлежните за постоењето на хибридна војна, специјална војна и операции на дестабилизација на државата и општеството во целост. Флуидноста на секторот на информатичка технологија е непознаница како и длабочината на универзумот е заклучокот кој се наметнува од сите тие анализи и соопштенија на МВР. Тешко е да се дојде до авторот на дојавите за бомбите поставени во училиштата, а сега веќе и во виталните институции на системот. Парализацијата што веќе почнува нѐ чини многу. Заклучокот е дека немаме средства ниту знаење да се справиме со оваа нова појава. Значи ни останува само да се плашиме и да се охрабруваме дека нема да нѐ снајде најлошото.

Е за ова сакам да поставам неколку прашања за кои мислам дека се актуелни. На лаицизмот на обичен новинар треба да се одговори со стручни одговори. Па ете што имам да прашам во име на јавноста.

Со што тоа ни се закануваат дојавите? Според информациите се работи за подметнати бомби. Што се тоа бомби господа? Според моето скромно знаење тое се експлозивни направи кои експлодираат во одредено време или под одредени услови. За да се направи таква бомба е потребно знаење и средства. Знаењето е флуидна категорија, ама носителот на таквото знаење не е секојневна појава. Знам дека е врежено мислењето дека денес сѐ има на интернет и малку подучен човек може да направи експлозивна направа. Може, ама колку да се повреди себеси и својата околина. Такви способности се стекнуваат низ обука од стручни лица. Посебно кога се работи за софистицирани направи за кои се потребни и знаења и средства за нивна изработка. Такви средства не се произведуваат во Берово или Ростуше, ниту во Скопје. Тие се увезуваат од земји кои се производители. Кои се тоа земји и како можат да стасаат до нашите простори. Баталете ги сомнежите за националната умисла на бомбашите. Таква експлозија убива деца и случајни минувачи и таквата сила не прашува за национална припадност. Заканувачите имаат некоја друга цел. Значи институциите што се занимаваат со контрола на увозот треба да дадат одговор на ова прашање.

Во таквите бомби има направа која ја поттикнува експолозијата во одредено време и под одредени услови. Значи потребен е иницијатор на експлозијата кој ние го нарекуваме – запалка. И таа не се прави едноставно и за неа треба знаење и средства. Истото прашање до надлежните од секторот за безбедност. Ако имате информации за низа активноости на нашите граѓани кои се далеку од опасност за државата и граѓаните, зошто не се потрудите да имате валидни информации за лицата кои имаат способност да направат запалки за бомби? За секоја бомба е потребна експлозивна материја која не е на слободниот пазар. Ако е експлозивот од класичните експлозивни материи за да направи поголема штета е потребна и поголема количина која не е лесно да се набави, ниту да се однесе до местото каде треба да експлодира. И овде бројот на лицата кои можат да го направат и однесат до одредената локација не е преголем за да не се направи валидна анализа и превземат мерки.

Ако се употреби посоврена материја или воен експлозив од високо варзивни карактеристики да се набави и пренесе таквата материја не е воопшто едноставно и е под надзор на големите безбедносни системи, а ние сме членки и корисници на нивните информации како дел од НАТО. Со сето наброено се намалува битно бројот на потенцијалните извршители. Овде се на потег системите за безбедност кои ние упорно се трудиме да ги градиме, ама истовремено од разни интереси и да ги разградуваме. Ако тие се на ниво на задачата која со закон им е ставена во ингеренции, најголемиот дел од овие прашања ќе биде одговорен.

За безбедносната култура на вработените во институциите овде имам само едно прашање. Кој ги чува просториите кога во нив нема вработени и како вработените не се заинтересирани за околината во која работат? Бомбата има големина и место каде е поставена за да никој од вработените не ја забележи. Директорите да организираат една обука на оваа тема на вработените можеби и не е лоша идеја!

Моите рационални прашања се за рационален свет, а нашето секојдневие толку наполнето со страв што веќе рационалниот резон е архаизам (застарено размислување). Страв ми е дури и да помислам што стравот може да произведе.

Tags: бомбидиректориексплозиизаканислободна зона
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ