пишува: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Една стара албанска пословица вели вака: што поблизу си до морето, поблизу си до кралот. Во денешно време, во ДУИ важи правилото што поблизу си до лидерот, поблизу си до тендерот. Ова го потврди Ермира Мехмети во еден, како што го нарекува Али, „приватен“ разговор со него, објавен во една „бомба“ на Ел Чека.
Таа во тој разговор го обвинува лидерот, затоа што на неговите поблиски пријатели им дава функции кај што има тендери, додека неа ја предлага за потпретседател на Собранието. Неговиот предлог таа категорички го одбива.
Сето ова Али го смета за „приватни разговори“ на партискиот состанок во Сарај.
*
Не е вистина дека разговорите кои се слушаат од „бомбите“ на Ел Чека, како што вели Али, биле „приватни“. Напротив, тие длабоко го допираат јавниот интерес на сите граѓани, посебно на Албанците. Скоро сите се поврзани со криминал и корупција, а за евроатлански интеграции нема ниту еден збор.
Не е вистина, исто така, дека не се објавени тајно снимени разговори за Груевски и Заев, како што Али им кажува на сопартијците во Сарај. Токму поради објавените „бомби“, Груевски се наоѓа таму кај што е.
На крајот на краиштата, што е толку битно дали има или нема тајни снимки за некој друг? Секој ќе си одговара за себе, ако одговара.
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.











