• Latest

Борба на живот и смрт, (не)реални ветувања на кандидатите за градоначалници, рокот за аплицирање во ЦИВИЛ истекува утре

September 29, 2021
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Борба на живот и смрт, (не)реални ветувања на кандидатите за градоначалници, рокот за аплицирање во ЦИВИЛ истекува утре

September 29, 2021 17:02
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Трет ден од изборната кампања за локалните избори, во која политичките партии и кандидати за градоначалници ветија нови паркинг места, уредени спортстки терени, бесплатен градски превоз и нови еколошки автобуси, изградба на адреналински парк…

КАМПАЊА: БОРБА НА ЖИВОТ И СМРТ

На самиот старт, може да се констатира дека изборната кампања е извонредно динамична, со жестоко темпо за сите учесници во изборната трка. Може да се констатира дека во изборната кампања се вклучени сите ресурси на политичките партии, почнувајќи од општинските партиски комитети до лидерите и високите функционери на политичките партии. Очигледно е дека локалните избори повторно добија карактер како да се води борба на живот и смрт – политичка, се разбира.

ДУИ

Градоначалникот на Чаир и кандидатот на ДУИ, Висар Ганиу за оваа функција на Локалните избори, денеска го пушти во употреба паркингот над Бит-пазар со капацитет од 220 паркинг-места. Тој вети дека во наредниот мандат ќе отвори уште 3.000 паркинг-места.

Кандидатката за градоначалник на Тетово, Теута Арифи денеска заедно со кандидатите за советници изврши промоција на изборната програма на ДУИ за Тетово. Програмата за Тетово е поделена во осум сектори за кои Арифи заедно со кандидатите за советници ги елаборираше.

АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ / АЛТЕРНАТИВА

Кандидатот за градоначалник на Чаир, од Коалицијата Алтернатива / Алијанса за Албанците, Беким Сали, вчера имаше средба со граѓаните на населбата Топанско Поле, вети уредени спортски терени во Чаир.

ГРАД СКОПЈЕ

Еден од клучни проекти на независниот кандидат за градоначалник на Град Скопје, подржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, е обезбедување на 250 нови еколошки автобуси и бесплатен јавен превоз како решение на повеќе проблеми на Скопје, како средување на сообраќајниот хаос, намалување на загадувањето и подостапен јавен превоз за граѓаните.

Актуелниот и кандидат за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов од СДСМ, реагира на како што вели „лажните верувања на противкандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска“.

„Ако вчера вети бесплатен превоз на кој цело Скопје се смее, денес ова го надополни со нова уште поголема лага, ветување за 250 нови автобуси. Утопија се овие ветувања на Арсовска, додека готовиот план за Бас рапид системот се реалност која веќе се реализира“, реагира градоначалникот Шилегов.

ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД

Кандидат за градоначалник на Град Скопје, од Зелен хуман град, Ана Петровска вели дека треба системски да ги решаваме проблемите на граѓаните во Шуто Оризари.

„Нов асфалт врз стариот, а нема атмосферска канализација, градење и легализација на куќи без Детален урбанистички план, се само дел од проблемите за кои дискутиравме денеска со граѓаните и граѓанските организации во скопската општина Шуто Оризари. До повеќето куќи нема пристап за противпожарно или амбулантно возило. Социјалната правда не смее да му служи на популизмот, туку да обезбеди еднаков старт и резултат за сите, почнувајќи и водејќи сметка за најранливите граѓани. Градот и државата не треба да заборават дека Шуто Оризари е дел од Скопје. Рамномерен развој е дел од агендата на зелените политики за кои се залагаме“, вели таа.

ВМРО-ДПМНЕ

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ изборната кампања „Создади нова иднина!“ ќе ја претстави во повеќе населени места: Демир Капија, Неготино и Кавадарци.

„Градоначалниците на СДСМ се претворија во копија на Заев, на мали зоранчиња, беспоговорно го слушаа и го следеа во неспособноста. Затоа ние ќе ги поразиме на 17ти Октомври!

Победа е да направиме спротивно од овие триесет години, победа е сето она коешто нечинело да го корегираме, победа е кога ќе спасиме четиринаесет човечки животи. Заеднички патриотизам е да бидеме без предрасуди, да ги победиме криминалот, корупцијата и неправдите“, објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

СДСМ

Централниот караван на СДСМ и коалиција Најдоброто за мојата општина денеска во Ново Село, Босилово, Василево, и граѓанска трибина во општина Струмица и Куманово.

„Мојот град е полн со приказни. Оние од памтивек пренесувани од колено на колено, но и понови, од времето на нашите баби и дедовци, на нашите родители и од наше време. Во мојот град сега има нови паркови и зелени површини. Нови улици. Нови плоштади и мостови. Во мојот град сега растат нови деца кои бараат нов простор за игра, за спорт, за забава, за релаксација и рекреација“, велат во промотивното видео од СДСМ.

ДОМ/ЛДП

Кандидатката за градоначалник на Куманово, Теодора Димитровска од Движењето „Одлучно за промени“ на ДОМ и ЛДП на денешната прес-конференција најави изградба на адреналински парк за младите на простор во близина на спортската сала.

ИНТЕГРА

Македонската конзервативна партија ИНТЕГРА денеска во Градскиот парк во Скопје ја презентираше локалната развојна платформа ИНВЕСТРА 2021 и кандидатите членови на органите на локалната власт на претстојните избори.

ШТИП

Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Општина Штип, Сашко Николов, на денешната прес-конференција истакна дека помеѓу градоначалникот и граѓаните не треба да има посредници или бариери. Најави дека ќе воведе дигитален онлајн систем за директен контакт на градоначалникот и советниците со граѓаните и постојана, брза, ефикасна размена на информации за услуги од надлежност на локалната самоуправа, соработка со НВО-секторот и учество на нивен претставник како соработник на кабинетот на градоначалникот.

Кандидатот за градоначалник на Штип од ВМРО-ДПМНЕ и колициските партнери, Иван Јорданов и двајцата кандидати за советници Весна Кожинкова и Димитар Белич преку видео прес-конференција презентираа проекти во населбата „Исар“, урбаната заедница „Брегалница“ и централното градско подрачје. Меѓу приоритети за населбата „Исар“ им е реконструкција на водоводната мрежа, но и на улиците.

РОКОТ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА КРАТКОРОЧНИ НАБЉУДУВАЧИ НА ЦИВИЛ ИСТЕКУВА УТРЕ ВО 17 ЧАСОТ

Утре, на 30 септември, во 17 часот, истекува рокот за пријавување на заинтересираните да станат краткорочни изборни набљудувачи на ЦИВИЛ. Конкуренцијата е висока, апликациите се квалитетни, така што одговорните за селекција имаат навистина тешка задача да ги одберат најдобрите. Сите што аплицирале ќе добијат одговор на 3 октомври. Повеќе информации и линкови во текстуалниот дел од Изборниот рапорт што ќе биде објавен веднаш по ова видео издание.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ