Борбите околу најголемата нафтена рафинерија во Судан го запалија огромниот комплекс, испраќајќи густ, црн чад над главниот град на земјата, покажуваат сателитски податоци анализирани од АП во саботата, објави Си-ен-ен, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
Силите лојални на суданската војска под команда на армискиот началник генерал Абдел-Фатах Бурхан подоцна тврдеа дека ја освоиле рафинеријата, сопственост на суданската влада и државната China National Petroleum Corp. Објектот претставува долго посакувана награда за војската во нејзината граѓанска војна со бунтовничките сили за брза поддршка.
Обидите за меѓународно посредување и тактиките на притисок, вклучително и проценката на САД дека РСФ и нејзините соработници вршат геноцид, не ги прекинаа борбите.
Рафинеријата Ал Џаили се наоѓа на околу 60 километри (40 милји) северно од Картум, главниот град. Рафинеријата беше предмет на претходни напади бидејќи РСФ презеде контрола над објектот од април 2023 година и нивните сили го обезбедуваа. Локалните судански медиуми јавуваат дека РСФ, исто така, ја опколила рафинеријата со полиња на нагазни мини за да го забави секое напредување.
Во борбите со бунтовниците М23 во источна ДР Конго загинаа шестмина мировници на Обединетите нации, соопштија во саботата претставници на ОН.
Подготви: Д. Мишев