• Latest

Борел и Вархеј денеска на состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Северна Македонија во Скопје

March 17, 2023

24 ЧАСА: Со онлајн петиција и мобилизација СДСМ против мигрантите; МВР со апел – петардите не се играчка; Се разгоруваат борбите меѓу Тајланд и Камбоџа

December 9, 2025
Џабир Дерала (Фотгорафија: НДИ Косово)

Дерала на ДИСИКОН 9, Приштина: Вештачката интелигенција ги редефинира изборите и отвора нови ризици за демократијата

December 9, 2025
Фото: МВР

МВР со силен апел: Петардите не се играчка – една грешка може да го промени животот!

December 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ ЦИВИЛ

Тркалезна маса на ЦИВИЛ: „Демократска отпорност: Стратегии и споделени решенија“ за проценка на демократските ранливости, зајакнување на институционалната, граѓанска и општествена отпорност

December 9, 2025

Обвинение за шпионажа и терористички акт за три лица за експлозијата во Ибар-Лепенец

December 9, 2025
фото: СДСМ, Венко Филипче

СДСМ стартува онлајн петиција против мигранти: „Време е народот да каже гласно НЕ!“

December 9, 2025

(ВИДЕО) Одбрана на демократијата 2025: Брифинг и разговор со Хедер Роберсон

December 9, 2025

Анкетната комисија ќе ја разгледува претставката на родителите на загинатите од „Пулс“: Бараат правда, одговорност и системски промени

December 9, 2025

ОДБРАНА НА ДЕМОКРАТИЈАТА: ХОРИЗОНТИ НА СЛОБОДАТА (ЦЕЛОСНА ПРОГРАМА)

December 9, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Борбите меѓу Тајланд и Камбоџа околу спорната граница се шират, додека бројот на жртви расте

December 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Борел и Вархеј денеска на состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Северна Македонија во Скопје

March 17, 2023 09:18
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Скопје денеска ќе се одржи 16-тиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Северна Македонија со кој ќе претседава премиерот Димитар Ковачевски.

На состанокот ќе учествуваат и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за надворешни работи Бујар Османи, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји, како и претставници на земјите членки на Европската Унија и европските институции.

Состаноците на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу земјава и Европската Унија досега се одржуваа во Брисел, а ова е првпат вакво заседание да се одржи во Скопје, што од македонска страна се оценува како „одличен сигнал сам по себе“.

Според најавите, нa состанокот ќе се разговара за статусот на реформите, напредокот во евроинтеграциите и за билатералните односи во рамки на Спогодбата за стабилизација и асоцијација.

Покрај учеството на состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација, предвидено е Борел денеска да се сретне и со шефот на државата Стево Пендаровски, со министерката за одбрана Славјанка Петровска, со претседателот на Собранието, Талат Џафери, како и со собраниските потпретседатели, координаторите на пратеничките групи и претседателите на Националниот совет за евроинтеграции и на собраниската Комисија за европски прашања.

Борел и Вархеји во земјава пристигнаа вчера доцна попладне од Тирана, каде претходно во текот на денот присуствуваа на состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација ЕУ-Албанија. На скопскиот аеродром двајцата високи претставници на ЕУ беа пречекани од вицепремиерот Маричиќ, кој во објава на Фејсбук напиша дека државите од Западен Балкан треба да ја искористат политичка поддршка што ја имаат од ЕУ за да ги загарантираат стабилноста, мирот и европската перспектива на регионот.

Борел пред доаѓањето во земјава во интервју за МИА, порача дека Северна Македонија е добар пример за мултиетничко општество и со промена на Уставот дополнително ќе се унапредат основните права во земјата и истовремено ќе се зачуваат македонскиот идентитет и земјата ќе напредува во процесот на пристапување во ЕУ.

– Членството во ЕУ не може да биде проект на една политичка партија, туку тоа треба да биде аспирација за целата земја. Во Северна Македонија, граѓаните ја изразија својата аспирација за влез во ЕУ, бидејќи сакаат да припаѓаат на заедница на вредности и да имаат корист од отворените граници, олеснетото патување, внатрешниот пазар и стандардите на ЕУ во целина. Накусо, граѓаните сакаат мир, просперитет и подобар живот во ЕУ, за нив и за нивните деца. Затоа одговорност на сите ваши политички лидери е да работат и да ја реализираат оваа цел, вели Борел.

Тој нагласува дека преговорите за членство во ЕУ се процес заснован на заслуги и дека при тоа се оценува постигнатиот напредок во исполнувањето на сите поставени критериуми и спроведувањето на стандардите на ЕУ и реформите.

И овие реформи ќе и помогнат на Северна Македонија да ја унапреди и подобри состојбата и да ја доближи земјата до Европската Унија и стандардите на ЕУ, пред се во интерес на граѓаните на Северна Македонија. Ние ќе бидеме покрај вас и ќе го придружуваме процесот до самиот крај, додека Северна Македонија не стане полноправна земја членка на ЕУ. Тоа е она што го сакаме и целта кон која работиме сите заедно, додава високиот претставник на ЕУ во интервјуто за МИА.

Во исто време и претставници на ЕУ од Брисел, порачаа дека уставните измени се во наши раце и дека тие се суверена одлука на земјава, но Унијата смета дека Северна Македонија има голем потенцијал да оди напред, за што е потребно да се направат одредени чекори, потенцирајќи дека невозможното секогаш станува возможно кога ќе се постават големи услови и кога ќе се увиди важноста на одредено прашање во поглед на стабилноста и напредокот. Според нив, патот е јасен и отворен, земјава не смее да ја пропушти таа можност.

Престојот во земјава, Борел го продолжува и утре во Охрид, каде ќе се одржи нова рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ, посветен на нормализација не меѓусебните односи. Во Охрид е најавено присуство на српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албан Курти, чиј домаќин ќе биде премиерот Димитар Ковачевски.

Tags: ВархејДимитар КовачевскиЕУЖозеп БорелСовет за стабилизацијасостанок
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • 24 ЧАСА: Скопје вози во хаос; десничарската AfD исклучи член поради имитирање на Хитлер; Пендаровски ексклузивно за ЦИВИЛ: Кратко и јасно! Македонија е одамна прокси-држава на рускиот свет

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Безбедноста мора да ѝ служи на слободата – а не да ја замени!

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Скопје Среќна Нова 1984 година, со љубов- Големиот брат

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Кога вистината е непријатна: Што навистина изјави Пендаровски, а што му припиша владејачката ВМРО-ДПМНЕ

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ