• Latest

Борел и Заев: Северна Македонија да ја одржи првата Меѓувладина конференција што поскоро

May 11, 2021

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Борел и Заев: Северна Македонија да ја одржи првата Меѓувладина конференција што поскоро

May 11, 2021 15:17
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев ја привршува својата работна посета на Брисел, попладнево тој се сретна со шефот на ЕУ дипломатија, Јосеп Борел, двајцата изразија надеж дека Северна Македонија ќе ги отвори формално преговорите со ЕУ што е можно поскоро, јави дописничката на МИА од Брисел.

Борел повтори дека нема никаква поддршка ниту во институциите на ЕУ, ниту кај земјите членки за одвојување на Северна Македонија од Албанија затоа што и двете земји ги исполнуваат условите.

-Северна Македонија ги исполнува потребните услови и заслужува да премине на следната етапа, изјави Борел по средбата со Заев.

Шефот на европската дипломатија потсети дека Северна Македонија е една од двете земји кои најдолго чекаат пред вратите на ЕУ, веќе 16 години.

-Има силна поддршка за одржување на првата Меѓувладина конференција со Северна Македонија што поскоро, знаеме дека чекате одамна, можеби 16 години, и сте втората земја што најдолго чека пред вратите на проширувањето, рече високиот претставник за надворешна политика на ЕУ.

Тој истакна дека на вчерашниот Совет на ЕУ се одржа долга дебата за Западниот Балкан и дека сите земји членки на ЕУ ја потврдиле нивната поддршка за европската перспектива на регионот.

Борел додаде дека Северна Македонија може да смета на поддршката на Европската Унија за изнаоѓање решение за процесот на пристапување во ЕУ како и во борбата против пандемијата од Ковид-19.

Северна Македонија во март 2020 доби безусловно зелено светло за отпочнување на преговорите со ЕУ, но Бугарија одбива да ја усвои преговарачката рамка на ЕУ за земјата поради билатералниот спор за јазикот. Без усвојување на преговарачката рамка, Северна Македонија не може да ја одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ со која формално се означува почетокот на преговорите.

Зоран Заев по средбата со Борел предупреди дека неисполнување на ветеното од страна на ЕУ ќе биде лош сигнал за целиот регион.

-Позитивен чекор напред за Северна Македонија ќе значи сигнал на охрабрување за целиот регион, пораз за Северна Македонија ќе значи обесхрабрување за сите, изјави премиерот Заев.

Шефот на македонската Влада овие два дена престојува во Брисел каде се сретна и со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен. Неговата порака до соговорниците во ЕУ е дека треба да се вклучат поактивно во надминување на блокадата на Бугарија и со тоа да го исполнат ветеното од нивна страна.

Зоран Заев истакна дека за граѓаните на Северна Македонија е јасно дека нема друг пат освен европскиот, но дека земјата не сака повеќе да чека.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ