• Latest

Борел: Првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија да се одржи до крајот на годината, ако не го сториме тоа ќе има негативни последици врз кредибилитетот на ЕУ

November 15, 2021

Дезинформација е дека имало голема тепачка на состанокот на ДУИ во Чаир

September 2, 2025
Фото: Скриншот од видео на Х

Уапсениот за убиство на поранешниот претседател на украинскиот парламент го призна делото и побара да биде разменет за украински заробеници кои се во Русија

September 2, 2025

Додик и Вучиќ испраќаат пораки до ЕУ преку средбите со Путин

September 2, 2025

Две години затвор за „командант Барути“ за нападот врз Данела Арсовска

September 2, 2025

Прислушувачка битка пред избори: Филипче бара истрага од ОЈО, Мицкоски алармира за удар врз демократијата

September 2, 2025
Фото: Скопје сити мол

„Весела математика“ на ВМРО-ДПМНЕ во обид да прикаже подобрен животен стандард на граѓаните

September 2, 2025
Војникот на Националната гарда на Украина, Владислав Нахорни, преживеал откако руските сили му го пресекле гркланот и го фрлиле во јама, верувајќи дека е мртов. Фото: Скриншот од Suspilne

Украинскиот војник кој преживеа мачење од Русите исчезна од болницата во Днипро

September 2, 2025
Војо Маневски

Кучињата пуштени а камењата врзани

September 2, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Лидерите на Кина, Русија, Северна Кореја и Иран се собраа на голема воена парада во Пекинг како предизвик за Западот

September 2, 2025

Димовски: Мицкоски во периодот од 2019 -2022 година не бил предмет на посебен оперативен интерес на АНБ

September 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Борел: Првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија да се одржи до крајот на годината, ако не го сториме тоа ќе има негативни последици врз кредибилитетот на ЕУ

November 15, 2021 20:56
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Шефот на европската дипломатија, Јосеп Борел, утрово се сретна со неговиот македонски колега, Бујар Османи. Борел на прес конференцијата денеска повтори дека почеток на преговорите со Скопје и Тирана се клучни за кредибилитетот на ЕУ.

Ова било тема на разговор и помеѓу министрите за надворешни работи на ЕУ на редовниот состанок со кој претседаваше денеска Борел.

-Сакаме првата меѓувладина конференција со Албанија и Северна Македонија да се одржи што е можно поскоро, со надеж дека тоа ќе биде за време на ова претседателство на ЕУ, до крајот на оваа година затоа што ако не го сториме тоа ќе има негативни последици врз кредибилитетот на ЕУ во целиот регион, изјави Борел во својот воведен говор по министерскиот состанок за надворешни работи на ЕУ денеска.

Министрите исто така разговарале како да ги вклучат земјите од регионот во министерските состаноци на ЕУ за надворешна политика.

-Потребни ни се конкретни дела и сакаме да ги инволвираме во нашите дискусии за надворешна политика, да се придружат кон процесите на Советот за надворешни работи, изјави високиот претставник за надворешна политика на ЕУ.

Целта на оваа мерка е земјите од регионот да бидат од блиску запознаени со надворешната политика на ЕУ за да ја усвојат.

За потсетување, усогласувањето на земјите кандидати со надворешната политика на ЕУ е еден од условите за членство. Северна Македонија е усогласена за 95 отсто. Србија бележи најлош резултат.

-За да можеме да туркаме усогласување треба да направиме простор за заедничко разбирање и споделување на анализи, не мора тие слепо да се усогласуваат, треба да имаат информации за нашите дискусии за надворешна политика и да соработуваат со нас поблиску, да учествуваат во разговорите во Советот за надворешни работи за да го разберат нашиот поглед на светот, рече Борел.

На прашање на МИА дали го дели мислењето дека е можна нова војна на Балканот, Борел одговори дека „не треба да се коби“.

-Ситуацијата во Босна и Херцеговина е многу нестабилна, некои лидери користат сепаратистичка и националистичка реторика. Босна и Херцеговина мора да остане обединета, тоа е единствена држава, и секој обид за поделби и создавање нови ентитети ќе биде извор на проблеми и немири и мора да се избегне за да не се стигне до ова што го велите (војна, нз), мора во корен да се отсече, одговори шефот на европската дипломатија.

Тој додаде дека се надева до крајот на оваа година дека ќе може исто така да се одржи нова рунда на преговори помеѓу Белград и Приштина, каде тензиите се исто така високи. Борел соопшти дека испратил покани до двете земји. 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • ИНФЛАЦИЈА ЗА СИТЕ – ПРОФИТ ЗА МАЛКУМИНА: Сите лица и наличја на српската и македонската олигархија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Си Џингпин распосла црвен тепих за Путин и Моди, додека самитот е во сенка на трговските војни со САД

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: Обвинет таткото-насилник кој тепаше малолетни играчи; како ВМРО-ДПМНЕ ја разбира статистиката – експлозивна изјава на Бранимир Јовановиќ; алармантен рекорд на насилството врз новинарите во Србија; оружје за 825 милиони долари од САД за Украина

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ