• Latest
Војо Маневски

Борењето не е борба со системот туку спортска дисциплина

September 19, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Борењето не е борба со системот туку спортска дисциплина

September 19, 2025 11:55
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Дали спортот е војна ? Ако е војна тогаш според логичниот след и војната е спорт. Состојби кои можат да се подведат под ваквите дефиниции можат да се најдат и во светскиот и во нашиот спорт. Но за вистинска дефиниција за местото на спортот во заедницата денес е тешко да се зборува.

Спортот е дел од состојбите во општеството, неговата ментална состојба и вредностите кои се преовладувачки. На успесите на спортистите сме горди кога си ги присвојуваме како дополнување на некаква колективна терапија против општата депресија која владее. Интересно е кога треба да се прифати неуспехот па дури и поразот.

Тогаш, или се покажува незаинтересираност или се користи како повод за исфрлање на колективните и лични фрустрации а префрлајќи ги врз спортистите или спортските здруженија. Здруженијата се формирани врз основа на закон и во постапка пропишана во него. И клубовите се формираат според законот и треба да функционираат според неговите одредби. Законот е закон и немаше да бидеме во ваква состојба во сите сфери на општественото живеење ако беше се според законот. Проблемот кај нас е  во неспроведување на законот, често неговото заобиколување или слободно толкување според интересите на некого.

Веќе е здодевно да пишуваме дека потполната партизација во сите сфери го забави ако не и закочи секој развој во државава. Но, има еден феномен каде партизацијата е измешана со групни , пријателски или лични интереси. Социолозите нека ги спојат сите дефиниции за партизација, корупција и непотизам па можеби ќе дојдат до некоја дефиниција која ќе ја објасни нашата состојба.

Борењето е нашиот најтрофеен спорт. Ова како констатација се споменува од спортските работници и коментатори кога има некој турнир или голема спортска манифестација . Понатамошни анализи за состојбите во овој спорт не се прават. Како се постигнуваат тие резултати не прашуваме, кој стои зад макотрпниот спортски живот на тие спортисти и пред се кој им ги овозможува условите за подготовки,  ретко допираат таквите информации до јавноста.

Овој текст е пишуван врз основа на сознанијата за еден конкретен случај и е само дел од поттикот за дебата за состојбите.

Клубот Олимпија постои како спортски клуб, веќе пет години. Спортските работници и спортистите кои се дел од овој клуб имаат не спортски туку според нивни сознанија  проблем со интереси и фрустрации на личности кои во овој момент го водат борењето  во Македонија. Ова дополнително  ги отсликува сите проблеми што како состојби во спортот што побргу мора да се разрешат..

Документацијата која ни ја доставија покажува дека сите законски процедури  ги исполниле и потребните документи ги поседуваат.

После низа организациски и процедурални препреки боречкиот клуб Олимпија од Штип на 6. 07. 2023 . добил решение од Централниот регистар како здружение на граѓани кое обавува дејност од областа на спортот. Според документацијата сите барања на законот се исполнети. Како субјект тие започнуваат со организирање на спортски и организациски активности. Како спортски клуб се надеваат дека Б.Ф. ќе ги стави на списокот на свои членови со што според законот, ќе можат  да бидат рамноправен член на федерацијата. Законот вели дека членките на спортската федерација рамноправно учествуваат во манифестациите кои ги организира федерацијата на национален и меѓународен план. Законот за финансирање на спортот и деловникот на Федерацијата определува според кои критериуми можат да се користат средства определени од Министерството за спорт.

Министерството според свои подзаконски акти ги распределува буџетските средства за федерациите и спортските здруженија. Доколку некој спортски клуб не е член на федерацијата нема можности за добивање средства за своите активности. Дополнително и ОК на РСМ нема можност да ги помага доколку се стремат да ги исполнат олимписките норми за учество на олимпијадата. Постои можност некој спортист да биде дел од олимписките процедури доколку ОК со одлука го стави спортистот под своја  евиденција. Но тоа сепак е барање  дупки во законот кој јасно определува  која е надлежноста на клубовите и нивните здруженија

Да се вратиме на проблемот со процедурата на Б.К. Олимпија. Според законот клубот со сета документација се обраќа до Б.Ф. за вклучување во нејзините редови и функционирање како легален спортски клуб. Со тоа на спортскиот терен ќе ја потврдат и целта на сопственото основање. Клубовите мора да постигнуваат резултати во рамките на спортските натпревари за да го оправдаат своето постоење. Тие сѐ пред се спортски организации а не дебатни клубови за процедури и административни надмудрувања.

БК Олимпија секоја година  испраќа барање до Б.Ф. да ги регистрира како нивен член, бидејќи ги исполнуваат сите законски услови. На нивното барање нема одговор од надлежната федерација . Целата документација е доставена и до Министерството за спорт  и е побарано да се постапи според законот и деловникот на БФ. И покрај личните контакти со министерот и ветувањата дека проблемот ќе биде решен досега нема резултати. Овде да потсетиме дека и ова министерство е дел од државната администрација и за него важи законот со кој се спречува молкот на органите.

Постои со закон определен рок и доколку нема конкретно решение на надлежниот орган, законот вели – ќе се смета дека е донесено решение во полза на барателот. Ќе се смета ама овде постои игра на администрацијата што таквото решение треба да го достават  до барателот за да може да го користи за намената за која го бара. И така во круг и на милост на актуелните носители на функции во федерацијата и министерството.

Сознанијата до кои дојдовме истражувајќи го овој случај се дека се работи за распределбата на средствата од министерството кои и припаѓаат на федерацијата. Обичен пазарски есап. Со зголемување на бројот на клубови средствата  ќе мора да се делат на повеќе субјекти. Посебно ако некој клуб има потенцијал за остварување на спортски успеси и според правилникот ќе земе поголем дел од она што го замаат постоечките клубови кои немаат такви успеси.

И на крајот се враќаме на основната болест на ова општество. Затворен круг на  пријатели, сопартијци и луѓе кои имаат личен интерес. Според раководството на Олимпија зад сето ова стои поранешен пратеник и сеуште висок партиски функционер кој е дел од друг боречки клуб. Изјавите на надлежните дека треба да му се помогне бидејќи не ѐ повеќе дел од пратеничкиот високо- платен клуб нема врска ниту со законот ниту со спортот. Законот  е јасен за ваквите постапки на регистрација на клубовите а за спортот кој во основа има натпревар и постигнување на резултати не треба ниту да се елаборира. Врти- сучи проблемот е во моралот кој во основа се сведува, јас  на тебе а ти на мене и кругот се затвора.

Имаат ли штета спортистите од ваквите игри и играчки. Според анализа на БК Олимпија член на клубот е испратен во соседна држава да се натпреварува бидејќи е голем талент и со потенцијалот што го поседува може да постигне големи резултати.   Мора клубот да го прави тоа токму затоа што условот на секој спортист е своите спортски квалитети да ги докажува во натпреварите. Потврда за тоа се освоените европски и балкански првенства на спортистот на Олимпија.

Ако овде не се дозволува да биде дел од натпреварите тогаш излезот е во барање на алтернативи кои овој случај се покажаа исправни. Неколку спортисти од БК Олимпија се позајмени и на клубови во домашното првенство токму заради тоа да им се овозможи да се натпреваруваат.  Тие успеси само  ја потврдуваат тезата дека талентот и работата најдат начин да се докажат. Високите  успеси на спортистите од Олимпија  го осветлуваат проблемот. Ако се сопре конкуренцијата нема да бидат видливи нашите просечни успеси. Едноставно нели, а одговорноста за спортот и младите и националната гордост за спортските успеси? За тоа кој е надлежен?

Освен средствата од Министерството за спорт  спортистите од Олимпија  се спречени да учествуваат и во низата спортски проекти финансирани од меѓународни спортски асоцијации. Само во Европа има дваесетина вакви асоцијации и  фондации кои тешко ги користиме токму поради разни лични и групни интереси.

Спортот не ѐ само натпревар. Градењето на личности кои спортуваат е општествена одговорност на секоја сериозна држава. Само во спортот може да се научи  да се победува и нешто уште поважно –да се губи. Ако се научи како да се надмине поразот патот до успехот е скратен. Потребата од вложување дополнителен напор и средства да се победи оној што моментално е пред тебе е врвен критериум на денешниот спорт, економија, уметност и севкупно постоење. Со разни административни мерифетлаци и игри не го уништуваме само спортот туку го доведуваме во опасност и постоењето на нас како народ, граѓани и држава.


Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ