„Голем предизвик за студентите во оваа година ќе биде Законот за младински стандард со кој се уредува стипендирањето, вдомувањето, здравјето на студентите, културата и забавата, а засега според студенскиот стандард има само стипендии и домови. Нашата цел во однос на Законот за младински стандард е да работиме максимално и не знам дали ќе се донесе во 2021 година, меѓутоа мора да биде поставена целата основа, а тоа е да се реформира начинот на стипендирање на студентите, бидејќи моментално немаме систем на стипендии туку нешто што наликува на систем“, вели Борјан Ефремов, претседателот на Универзитетското студентско собрание на УКИМ.
Тој истакна дека ќе бараат евалуација на целата структура на студенските домови и креирање на акциски план како и кога ќе се реновираат, со конкретни датуми, а не само ветувања како до сега дека „ќе направиме“…
„Во законот за младински стандард ќе бараме да се воспостават бесплатни служби за психолошко советување на младите во рамки на универзитетите.
Ќе бараме закон за субвенциониран оброк кој мора да почне да се спроведува од септември 2021 година, каде што секој студент дневно ќе има по 120 денари за исхрана“, нагласи Ефремов.
Тој додаде дека не гледа просперитет дека квалитетот на високото образование во нашата држава дека ќе се подобри во блиска иднина.
Д. Муратов
камера: Атанас Петровски
монтажа: Трпе Стојкоски
фотографија: Горан Наумовски