• Latest

БПЦ ќе го разгледува писмото од МПЦ-ОА

November 27, 2017

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

БПЦ ќе го разгледува писмото од МПЦ-ОА

November 27, 2017 09:10
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Светиот синод на БПЦ денеска треба да го разгледува писмото што на 9 ноември му го упати Синодот на МПЦ-ОА, а во кое се бара признавање на афтокефалноста на македонската црква и евхаристиско единство со бугарската црква. Според најавите на бугарските владици, не се очекува брз одговор на БПЦ, туку ќе биде формирана комисија која ќе треба да ги информира останатите православни цркви и да го слушне нивното мислење за барањето на МПЦ-ОА.

Бугарскиот патријарх Неофит минатата недела на средба со претседателот Румен Радев најави дека има добра волја во Бугарската црква за позитивно решение. Патријархот Неофит, како што пренесоа бугарските медиуми, го уверил Радев дека Бугарската патријаршија има добра волја да бара начини за позитивно решение. Бугарскиот патријарх и претседателот се согласиле и дека бугарската држава и црква се обединети во желбата да се развиваат и продлабочуваат односите меѓу Бугарија и Македонија. Во тој контекст оцениле и дека потпишаниот билатерален договор за пријателство, ќе ја зајакне меѓусебната доверба и соработка.

И премиерите на двете земји Зоран Заев и Бојко Борисов на средбата во Струмица во четвртокот изразија надеж дека ќе се најде решение. Како што нагласија, почитувајќи го секуларниот карактер на двете држави и без да се мешаат во работата и соработката на МПЦ и БПЦ, ги охрабруваат да се изнајде решение во духот на добрососедството и пријателството.
Дека, сепак, не треба да се очекува брзо решение и одговор од БПЦ, најави митрополитот Варненски и Великопреславски Јован.
 
„Прашањето за Македонската црква е сериозна тема што треба одговорно и канонски да се разгледува. Тоа мора да биде решено на многу одговорен начин, при што ќе се почитува и православниот каконски ред. Брзите решенија никогаш не се добри“ – изјави владиката Јован.
Писмото на МПЦ-ОА се очекува да биде тема и на средбите што ќе ги има бугарскиот патријарх Неофит за време на претстојната посета на Москва од 1 до 8 декември.
Струмичкиот митрополит Наум, пак, вчера уште еднаш ја повика БПЦ да не ја пропушти шансата што сега ја има и да го прифати барањето на МПЦ-ОА.
„Барањето на МПЦ да ја прифати БПЦ како „мајка Црква“, како услов за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА, е барање кое со години наназад го слушаме од некои бугарски архиереи. Ова барање МПЦ го смета за нормално, логично и потребно, затоа што некоја Црква и така мора да се јави како „мајка Црква“, која ќе не извлече од изолацијата што ни е наметната од СПЦ и која, потоа ќе не заштитува, застапува и претставува пред Вселенскиот Патријарх и останатите православни цркви; а најприродно тоа може да биде само БПЦ“ – истакнува владиката Наум во анализа бугарски БГНЕС.

Според него, воспоставување на евхаристиската заедница меѓу БПЦ и МПЦ-ОА е природна последица дури и на „Договорот за пријателство и соработка меѓу Бугарија и Македонија“ и е во согласност со евроатлантските интеграциски процеси кон кои се стреми Македонија со помош на Бугарија.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: автокефалностБПЦБугаријаМакедонијаМПЦрелигија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ