• Latest

Брисел да ги засили евроинтеграциите на Балканот, со тоа ќе одговори на проектите за големи држави и нови граници

June 1, 2021
Од јавниот собир за Кочани во Скопје, 18 март 2025 (фото: ЦИВИЛ)

Утре протест во Скопје: Шест месеци од трагедијата во Кочани

September 15, 2025
Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

September 15, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

September 15, 2025
Фото: Скриншот од Инстаграм

НЕ Е КРЕИРАНО СО ВИ: Трамп тврди дека го решил конфликтот меѓу Азербејџан и Албанија

September 15, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: ЦИВИЛ алармира – демократијата под удар; Русија гледа ‘српски Мајдан’, Украина враќа со кибер напад

September 15, 2025
Фото: Фејсбук Панче Тошковски

Тошковски: На Вардариште живеат над 200 луѓе кои треба да се дислоцираат, за трајно решавање на проблемот со депонијата потребен е системски пристап

September 15, 2025
Protesti Novi Sad, interventna edinica
Foto: Screenshot X Radio 021

Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на China Xinhua News/ Фејсбук

Военото разузнавање на Украинска во „кибер одмазда“ ги наруши руските изборни системи, особено во окупираните украински региони

September 15, 2025

Пукано во младо момче во Скопје – Тошкоски: Нелегалното оружје и дрогата немаат иднина во Македонија

September 15, 2025
RussianEmbassy/ London-Uk
Source-Wikipedia

Велика Британија го повика рускиот амбасадор поради нарушување на воздушниот простор на НАТО

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Брисел да ги засили евроинтеграциите на Балканот, со тоа ќе одговори на проектите за големи држави и нови граници

June 1, 2021 11:47
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Европската Унија да ги засили евроинтеграциските процеси во регионот и на тој начин ќе даде одговор на проектите за големи држави и нови граници на Балканот, изјави вчера премиерот Зоран Заев. Во исто време, Центарот за европски политички студии, еден од највлијателните тинк тенкови во Брисел објави анализа на бугарско-македонскиот спор во контекст на ЕУ интеграцијата на Северна Македонија и предупреди дека вовлекувањето на идентитетските прашања, ЕУ може скапо да ја чини.

Премиерот Заев, вчера во интервју за ТВ Клан Македонија, рече дека „феноменот на „нон-пејперите“ и сега овој проект за „Илирида“ кој повторно се иницира, се промотори на националистичките политики во регионот, и не само во регионот кога затајува Европа.

-Тоа е сигнал и за Бугарија и за Брисел дека треба поинтензивно да го продолжат процесот на интеграција на регионот во ЕУ. Тоа е исполнување на долгот кон Западен Балкан, а кон Северна Македонија тој долг е поголем десет пати. Северна Македонија е пример за земја која со својот концепт „Едно општество за сите“ ги обедини сите различни етнички заедници, рече Заев.

Тој повтори дека земјава е пример за решавање на регионалните и соседските прашања и оти е горд што премиерката на Србија, Ана Брнабиќ вели дека Договорот од Преспа е модел и за решавање на отворените прашања меѓу Србија и Косово.

-Дополнително треба да ја засилиме иницијативата за регионалната соработка, но повторувам: Одговорот на проектите за големи држави и нови граници на Балканот треба да го даде ЕУ со засилување на евроинтеграциските процеси за регионот, рече Заев.

Премиерот додаде и дека националистичките проекти како оние што се промовираат во некои од нонпејперите како и овој за „Илирида“, не поминуваат и нема да добијат ниту претседател на месна заедница, а не советник во општина или пратеник.

Во исто време, ЦЕПС, како што јави дописничката на МИА од Брисел, направи анализа на бугарско-македонскиот спор во контекст на ЕУ интеграцијата на Северна Македонија и предупреди дека вовлекувањето на идентитетските прашања, ЕУ може скапо да ја чини.

Анализата е напишана од поранешниот ЕУ амбасадор во Северна Македонија, Ерван Фуере, кој соработува повремено и со ЦЕПС, каде се посветува во голем дел на Западниот Балкан и ЕУ.

Во пресрет на Советот за општи работи на ЕУ на крајот на јуни каде Северна Македонија чека дали ќе се надмине ветото на Бугарија и ќе започнат преговорите со ЕУ, ЦЕПС пишува дека Бугарија на земјите членки на ЕУ им презентира еднострана верзија на историјата за време и по Втората светска војна, верзија која ја наведе Софија да бара од Северна Македонија признавање на „бугарски корени“ и јазик.

-Од причини кои се чини повеќе се поврзани за домашната политика, бугарските политички партии одлучија дека сега е најдобро време да ја туркаат нивната верзија на историјата дури и на штета на нивниот најблизок сосед. Тие воедно ја држат политиката на проширување на ЕУ во заложништво, пишува Фуере во студијата на ЦЕПС.

И додава дека со ова Софија исто така ги поткопува принципите и условите за зачленување во ЕУ.

Но поранешниот амбасадор во Северна Македонија упатува критики и до другите земји членки на ЕУ, за кои смета дека вложиле недоволно напор за да ја разубедат бугарската страна.

-Со техничка влада сега во Бугарија и со нови избори закажани за 11 јули се чини дека има многу малку надеж за напредок на време за состанокот на Европскиот Совет на 22 јуни, предупредува Фуере.

За него предлозите за одвојување од Албанија, како што сугерираше еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, но кои набргу беа отфрлени од страна на шефот на ЕУ дипломатијата, Жозеп Борел, претставуваат неконзистентност и двосмисленост во пристапот на ЕУ.

-Она што посебно загрижува е дека ако нема напредок и Бугарија го задржи своето вето, автоматски бугарската позиција станува ЕУ позиција, создавајќи дури полош преседан од оној со спорот за името помеѓу Грција и Северна Македонија, алармира Фуере.

Имено, во случајот со Преспанскиот договор промената на името се правеше во замена за отворање на вратите на ЕУ, додека бугарското вето ја уништува оваа надеж, порачува ЦЕПС во својата анализа.

-Ова е дотолку повеќе причина за восхит пред македонскиот народ кој, и покрај постојаните неисполнети ветувања од страна на ЕУ, продолжува да покажува поддршка за членство во ЕУ. Многу млади луѓе меѓутоа веќе ја напуштија државата за да си ја бараат среќата на друго место. Над 120 илјади Македонци добија бугарски пасоши кои им овозможуваат да патуваат и бараат работа во ЕУ, пишува поранешниот ЕУ амбасадор.

Брзи решенија не се доволни, она што треба ЕУ да го направи, смета ЦЕПС, е солиден и сеопфатен дипломатски напор во соработка со други меѓународни организации како Советот на Европа и ОБСЕ. ЕУ, вели поранешниот амбасадор, треба исто така да се сврти кон својата институционална меморија и да ги разгледа другите применети постконфликтни решенија на други места, како Северна Ирска.

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров вчера рече дека едната страна на компромисот со Бугарија е да не се договориме за се, втората е таму каде што очигледно имаме заеднички интерес да направиме сè што можеме да имаме конкретен патоказ, со рокови, да го спроведеме Договорот за пријателство.

-Сегашниот компромис, се извинувам не можам во детали оти е во деликатна фаза процесот, треба да се даде шанса да се вложиме во дипломатските преговори, разговори и контакти, меѓутоа, на крупно, компромисот има две страни – една страна, кога на некој начин се договараме да не се договориме за сè. Бугарската страна си има свои позиции, македонската страна си има свои позиции. Вториот дел од компромисот е таму каде што очигледно имаме заеднички интерес да направиме сè што можеме да имаме конкретен патоказ, со рокови, со надлежни институции, да го спроведеме Договорот за пријателство, вели Димитров во интервју за Радио слободна Европа, на прашањето дали очекувањата од бугарска страна содржани во декларацијата од 2019 ќе бидат вклучени во патоказот што треба да го достави Скопје.

Според него, неспорен е интересот во делот на изградбата на коридори, културната соработка…меѓу двете земји.

-Тоа е сосема неспорно. Ние имаме автентичен интерес да ја развиваме таа соработка и без Договорот за пријателство. Договорот ја поттикнува, мислам дека и соседна Бугарија има таков интерес. Треба да најдеме таков начин, можеби да има попродуктивна атмосфера во Комисијата за историски прашања, меѓутоа таа попродуктивна атмосфера истовремено се овозможува, ако Бугарија ни стане поддржувач како што ни беше кога имаше претседателство, вели вицепремиерот Димитров.

На прашањето дали е задоволен од она што Комисијата за историски прашања го сработи досега, Димитров вели дека контрапродуктивен би бил секој политички притисок и оти таа треба да се остави да ја работи својата работа.

-Ние како политичари сме во деликатна позиција да даваме суд и оценка за работа на експерти, академици, професори итн., во случајот во областа историја. Ако има политичко охрабрување, веројатно може да има, меѓутоа ако има политички притисок Комисијата да испорача, ќе има голем јаз меѓу Комисијата и општеството. Мислам дека тоа веројатно ќе биде контрапродуктивно. Затоа сите треба да бидеме многу внимателни кога судиме за работата на Комисијата, а истовремено, пак, членовите на Комисијата и ко претседавачите треба да бидат внимателни кога даваат политички судови, бидејќи и тоа ни се има случувано, посочува Димитров.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Хаотично заебавање

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ