Брисел подготвува тужби против државите од целата Европска Унија за, како што велат, не успеале да формираат заеднички пазар. Европската комисија ќе ги казни сите 28 земји на ЕУ во досега невиден правен напад, предизвикан од фрустрациите поради неуспехот да се усвојат правилата договорени пред една деценија. Овој потег е дел од желбата на еврократите да се “создаде континентален пазар за стоки и услуги”. Официјалните претставници на Комисијата ги изготвија плановите, откако националните влади не успеаја целосно да ја имплементираат директивата за услуги, која е дизајнирана да ги либерализира пазарите низ целиот блок.
Целта на законската регулатива, донесена во 2006 година, беше да ја олесни трговијата за сите, од чистачи до инженери во различните ЕУ земји. Но, единствениот пазар за услуги е сериозно попречен од бирократијата на земјите-членки и желбата за одржување на националните вредности. Еврократите сакаат да ги оневозможат владите од користење на правилата за да ги држат странските компании надвор и да ги заштитат потрошувачите кога купуваат во други земји.
Кампањата во Франција во 2005 година, за време на референдумот за нацрт-уставот на ЕУ, ја форсираше кампањата „против“, која предупредуваше на инвазијата од „полски водоводџии“. Комисијата ги обвини сите 28 членки, вклучувајќи ја и Британија, за „недостатоците“ во извршувањето на главните принципи на легислативата на услугите.
Државите на ЕУ постојат за да постават „единствени точки за контакт“ каде компаниите можат да извршат секакви бирократски активности поврзани со единствениот пазар. Елзбиета Биенковска, шеф на индустријата на ЕУ, рече дека Брисел сака да им покаже на владите.
„Редно време да преминеме од зборови на дела. Нашите главни противници се континенталните економии. Треба да формираме континентален пазар за добра и услуги во ЕУ – и не само на хартија“ – изјави Биенковска.
На владите им е даден рок од два месеца да ѝ одговорат на Комисијата, а неуспех да се почитува директивата на Брисел може да резултира со тоа што може да бидат спроведени пред Европскиот суд за правда. Наследникот на претседателот на Европската Комисија Жан-Клод Јункер ќе треба да донесе брза одлука ако сака да напредува прекршочната постапка, по преземањето на власта по 1 ноември годинава.
Европскиот суд за правда може дневно да пушта казни со високи суми на државите членки ако се докаже дека тие не се држат до правилата на Комисијата. Сите казни собрани од Комисијата одат назад во годишниот мултибилионски буџет, кој се користи за да се платат трошоците за проекти како што е „Галилео сателитска навигациска шема“ или, пак, бесплатни билети за воз за на училиште.
А. М.