Лиз Трас драматично поднесе оставка како премиер по само 45 дена на функцијата. Таа изјави дека нејзиниот наследник ќе биде избран на избор за лидерство на Ториевците, кој ќе биде завршен во следната недела, пренесува Би – Би – Си.
Пратениците од ториевците ја повикаа Трас да тргне по стапките на нејзината влада зафатена од политички превирања, по откажувањето на повеќето нејзини економски политики.
Трас беше избрана од членството на ториевците во септември, но таа го загуби авторитетот по серија пресврти.
Во говорот пред Даунинг стрит, Трас рече дека Конзервативната партија ја избрала со мандат да ги намали даноците и да го поттикне економскиот раст.
Но, со оглед на ситуацијата, таа истакна дека:
„Признавам дека не можам да го испорачам мандатот на кој бев избрана од Конзервативната партија“.
Лиз Трас кажа дека ќе остане на функцијата додека наследникот официјално не ја преземе функцијата лидер на партијата и не биде назначен за премиер од кралот Чарлс Трети.
Џереми Хант – кој беше назначен за канцелар минатата недела – изјави дека нема да се кандидира во лидерскиот натпревар за да биде следниот британски премиер.
Подготви: Д. Мишев