Британската министерка за внатрешни работи Прити Пател денеска ја одобри екстрадицијата на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж во САД, каде што ќе се соочи со обвинение за шпионажа, пренесува МИА.
Соединетите Американски Држави го обвинуваат Асанж за 18 точки од обвинението, вклучително и шпионирање и хакирање државни компјутери, како и објавување стотици илјади доверливи документи, кои, како што тврдат, ги загрозиле човечките животи.
Викиликс денеска објави дека Асанж ќе поднесе жалба на одлуката на британската Влада да биде екстрадиран во САД, .
„Борбата не е завршена денеска. Ова е само почеток на нова правна битка. Ќе се жалиме преку правниот систем“, се наведува во соопштението објавено на Твитер профилите на Викиликс.
Британската министерка за внатрешни работи Прити Пател денеска ја одобри екстрадицијата на Асанж во САД, каде што ќе се соочи со обвинение за шпионажа.