Премиерот на Обединетото Кралство Кир Стармер го покани украинскиот претседател Володимир Зеленски и повеќе од десетина други европски лидери во Лондон во недела, на 2 март, за да разговараат за безбедносните гаранции што земјите можат да ги понудат Киjив во случај на прекин на огнот со Русија, објави Блумберг, пренесува Укринформ.
Според Кабинетот на премиерот, покани биле испратени до лидерите на Германија, Данска, Италија, Холандија, Норвешка, Полска, Шпанија, Турција, Финска, Шведска, Чешка и Романија.
Се очекува да присуствуваат и генералниот секретар на НАТО Марк Руте, како и претседателите на Европската комисија и на Европскиот совет, Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта.
За време на самитот, Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон ќе ги информираат своите европски сојузници за нивните средби во Вашингтон со американскиот претседател Доналд Трамп. Тие се обидоа да обезбедат американска воена поддршка во случај Москва да го прекрши потенцијалниот иден мировен договор.
Прес-службата на премиерот на ОК, исто така, истакна дека Стармер ќе има билатерални средби со Зеленски и италијанската премиерка Џорџија Мелони.
Претходно, Велика Британија и Франција подготвија план за распоредување мировен контингент во Украина по мировниот договор и бараат поддршка од Трамп за тоа.
За време на заедничката прес-конференција со Стармер, американскиот претседател изјави дека распоредувањето на американски војници за поддршка на Украина нема да биде неопходно, додавајќи дека британските мировници „може да се грижат за себе“. Во исто време, Трамп го увери Стармер дека „секогаш ќе биде со Британците“ доколку им „треба помош“.
Подготви; Д. Мишев