Шефот на германското внатрешно разузнавање изјави дека најверојатно руската Влада стои зад кибер нападот врз германските компјутерски мрежи, иако е тешко тоа да се утврди стопроцентно.
Ханс-Георг Масен изјави дека германските власти внимателно го проучувале нападот откако го откриле во декември и оти не предизвикал никаква штета.
Масен информира дека нема податоци за поврзаност со AРТ28, руска хакерска група обвинета за нападот во мај 2015 година врз Долниот дом на германскиот Парламент и националниот комитет на Демократската партија во САД пред американските избори во 2016 година.
[divide]
Извор: МИА