• Latest

Брнз: Кривичните дела поврзани со животната средина на разни начини остануваат во сенка

October 13, 2021

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Брнз: Кривичните дела поврзани со животната средина на разни начини остануваат во сенка

October 13, 2021 16:36
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Дебатата за остварување на правна и судска заштита на животната средина доаѓа во вистински ако не и критичен момент. Додека често слушаме за перење пари или измами при јавни набавки, кривичните дела поврзани со животната средина на разни начини остануваат во сенка, особено во Северна Македонија. Криминалните дела како нелегална сеча или загадување на воздухот претставуваат сериозна закана за вашата добробит и за животната средина на вашата убава земја. Без оглед дали се работи за шумски пожари во Струмица или ураганот Ида во Њујорк, ние денес сведочиме за разурнувачкото влијание од нашите активности врз климата и животната средина.

Ова го истакна амбасадорката на САД во земјава Кејт Мери Брнз на отворањето на еднодневната расправа на Охридската школа на природно право, насловена „Основа на реформата на правниот систем во Република Северна Македонија и еколошката правда“, што се одржа вчера во виртуелен формат.

– За среќа, постојат активности кои може да ги преземеме. Ве повикувам да одговорите користејќи ја вашата креативност истражувајќи ги законите неопходни за гонење на кривични дела од областа на животната средина. Но, изготвувањето закони и реформи не е доволно. Законите мора да бидат имплементирани. Истрагите мора да бидат покренати, а судењата мора да завршат пред судијата поротник да се пензионира или да настапи застареност на делото. Прекршителите мора да одговараат без оглед на политичката припадност или големината на бизнисот. Законските решенија мора да важат за секого, а сите граѓани и бизниси да бидат еднакви пред законот, вели американската амбасадорка.

Сите, без оглед дали живееме во Скопје или Охрид, додава таа, имаме право да дишеме чист и здрав воздух, а законот треба да го поддржи тоа право.

– Работејќи заедно, убедена сум дека Северна Македонија ќе ја продолжи својата реформска приказна за зголемување на транспарентноста, борбата против корупцијата и ставање крај на неказнивоста, штитејќи ги своите граѓани и животната средина, порача амбасадорката Брнз и ги повика студентите и идни судии, обвинители, адвокати да помогнат со својата работа во унапредувањето на владеењето на правото почнувајќи уште од денес, барајќи одговорност од власта и институциите.

На настанот, што беше наменет за студенти по право, експерти и претставници од граѓанскиот сектор, Брнз најави дека САД ќе ја продолжат поддршката за земјава во однос на заштитата на животната средина преку помош во истрагите против нелегална сеча и загадувањето на водите, a најави и доаѓање на американски експерт за судско застапување и закон за животна средина кој ќе предава на Тетовскиот универзитет и на Универзитетот на ЈИЕ.

Конференцијата имаше за цел да го привлече вниманието кон чекорите потребни за остварување на правна и судска заштита на животната средина. Настанот беше организиран од Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ, а финансиски поддржан од Амбасадата на САД во Скопје.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ