Објавена е ажурирана информација за бројот на смртни случаи во Газа денеска, при што спасувачите во областа велат дека израелските сили убиле 35 лица на територијата, вклучувајќи четворица за кои велат дека чекале да соберат помош.
Махмуд Басал, портпарол на агенцијата за цивилна одбрана на Газа, изјави за агенцијата Франс-прес дека 35 лица биле убиени од израелски оган на различни локации низ Појасот Газа, пренесе Гардијан.
Меѓу нив имало „четворица кои чекале хуманитарна помош“, додаде тој.
Војската не одговори веднаш на барањето на АФП за коментар, велејќи дека се потребни дополнителни информации, пишува Гардијан.
Локалните здравствени власти претходно во четврток соопштија дека во израелски воздушен напад загинале најмалку девет лица во училиште во кое се сместени раселени семејства во предградието Шеик Радван во градот Газа, додека во друг напад загинале девет лица во близина на шаторски камп во Кан Јунис на југот од енклавата.
Д. Т.