• Latest

Бројот на заболени од Ковид-19 достигна 711

April 11, 2020
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Бројот на заболени од Ковид-19 достигна 711

April 11, 2020 08:22
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Со новозаболените 48 лица од коронавирус, вкупниот број на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во земјава достигна 711. Досега направени се вкупно 7.067 тестирања за овој вирус.

Од Клиниката за инфективни болести во Скопје по два контролни негативни теста испишани се тројца пациенти кои се во добра здравствена состојба, а пак примени се двајца нови пациенти. На оваа Клиника се хоспитализирани вкупно 66 пациенти, од кои осум се на механичка вентилација со тешка форма на болеста.

Во ГОБ „8 Септември“ хоспитализирани се 21 пациент,од кои шест се на респираторна машина, со тешка форма на манифестација на болеста. Во болницата во Битола се хоспитализирани четири лица кои се со лесна форма на болеста. Во болницата во Штип примени се уште четири пациенти или вкупно осум и сите имаат лесна форма на болеста.

Четиримесечното бебе позитивно на вирусот кое се наоѓа на Инфективната клиника во Скопје е стабилно. За неговата состојба секојдневно се консултира и педијатар.

Во однос на починатиот притвореник позитивен на Ковид 19 од истражниот затвор во Шутка, министерот за здравство Венко Филипче вчера на прес-конференција рече дека интензивно се работи со луѓето од затворот. Напрвени се и прегледи од лекарски тимови кои продолжуваат денеска и утре. Досега се земени голем број на тестови, а ќе се анализираат сите луѓе кои се наоѓаат таму, вклучително и персоналот на затворот.

Филипче информира дека во Агенцијата за храна и ветеринарство една вработена повеќе од една недела не била на работа. Од втори април била дома поради ротацијата на тимовите во институцијата. Седум колеги кои биле во контакт со заболената се во домашна изолација.  Во објектот на институцијата се работи на детална дезинфекција и чистење.

За викендот што ќе биде затворен за движење на населението, на територија на цела држава, се до понеделник до пет часот, министерот Филипче апелираше граѓаните да се придржуваат на мерките.

-Јас верувам дека сите граѓани ја разбираат потребата од ваквите мерки и знам дека е тешко да се седи дома по вакво убаво време, но токму во овие услови мора да се покаже максимална одговорност и секој од нас да се придржува кон она што е пропишано, истакна Филипче. Нагласи дека оваа состојба нема да трае долго, до колку се придржуваме до мерките.

Потенцира дека е многу битно што има линеарен пораст на бројот на пациенти, што значи дека успешно се амортизира ударот, во смисла на бројот на пациенти кои се примаат во клиниките.

Министерот Филипче информираше дека од почетокот на следната недела ќе почнат подготовките за денот кога, како што рече, нашите животи  постепено ќе ги вратиме во нормален колосек, кога ќе продолжи работниот процес во секоја компанија, рестораните, угостителските објекти, продавниците…

извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ