• Latest

Брутално претепаниот Петровски во болница, во тешка здравствена состојба, напаѓачот на слобода

May 27, 2019

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Брутално претепаниот Петровски во болница, во тешка здравствена состојба, напаѓачот на слобода

May 27, 2019 16:19
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за внатрешни работи сѐ уште чека одговор од Обвинителство за покрената кривична пријава против бизнисменот Спиро Чорогунов, сопственик на хотел „Александар 2“, кој во саботата попладне, на 18 мај, го нападна сопственикот на малата менувачница „Бис“ , Бранко Петровски.

Според очевидци, Чорогунов го извршил нападот врз Петровски во најнепосредна близина на хотелот „Александар 2“, кој се наоѓа во непосредна близина и на кафулето „Гарсон“ и на менувачницата.  Тешкиот инцидент се случил среде бел ден во строгиот центар на градот, кога Чорогунов му ја фрла малата табла со реклама за менувачницата што таму стои цели 19 години. Откако Петровски се обидува да ја врати таблата, Чорогунов го нападнал со тупаници, го кутнал на земја и продолжил силно да го удира во пределот на лицето.

Епилогот од настанот е тоа што Петровски завршува во болница, на Клиника за неврохирургија, во тешка здравствена состојба, како директна последица од нападот врз него. Полицијата го контактира Чорогунов, кој според извори на ЦИВИЛ Медиа ги убедил полицајците да го остават на мира, затоа што имал приватни обврски – ќе одел на свадба. По завршениот разговор во полициска станица, тој успева да стигне на свадбата па дури и да објави фотографија на Фејсбук.

Во меѓувреме, Петровски таа ноќ по нападот, се наоѓа дома и се гуши во сопствената крв, затоа што во болниците „8 Септември“ и на Клинички центар, немало место за него и покрај скршената вилица, нос и сериозни повреди на окото.

„Уживајте Директоре. Човекот кој денес го претепавте, е стабилен, но задржан во болница со тешки телесни повреди. Ама да не ви реметам свадба. Или може веќе сте на афтер. Уживајте и наспијте се вечер мирно!“, коментираше синот на Петровски таа ноќ на фотографијата на Чорогунов.

Состојбата на Петровски се влошува уште повеќе, така што веќе наредниот ден, по нападот, го примаат на Клиниката за неврохирургија во тешка состојба и сѐ уште се наоѓа таму. Напаѓачот Чорогунов е сè уште на слобода. МВР сѐ уште чека насоки од Основното јавно обвинителство за случајот. За овој настан е обезбедена и видео снимка од безбедносна камера на која јасно се гледа нападот.

„Уште немаме добиено одговор од Обвинителството за покрената кривична пријава. Веќе информиравме дека истиот ден е извршен разговор со осомничениот и дека е известено Обвинителството. За случајот ја информиравме јавноста, а ќе информираме и кога ќе биде подготвена кривичната пријава“, за ЦИВИЛ Медиа изјави Ивица Илиевски, портпарол на МВР.

Соседството го познава Петровски како мирен, тивок и добар сосед веќе 19 години, а кој неодамна извојувал успешна битка со ракот. Со оглед на карактерот, но сигурно и поради терапиите што ги прима, Петровски не бил во можност физички да се одбрани. Веднаш по нападот, Чорогунов гласно му довикнал дека му е криво што не го убил.

„Не знам дали знаете какво е чувството да го гледате вашиот родител претепан. Јас знам. Гадно е. Уште погадно е да бидеш беспомошен. Татко ми е во болница а состојбата е иста, лоша! Ова е фотографија на напаѓачот. Спиро Чорогунов. До неа е крвавата менувачница на татко ми. Денес добив и снимки од настанот. Околните дуќани ми дадоа материјали што фатиле нивните безбедносни камери. Ако не ги прифатат како доказ ќе ги објавам тука. До тогаш ова е тој гнасен сурат!“, објави синот на жртвата на својот Фејсбук профил, инаку менаџер на познатото кафуле „Гарсон“ на кое Чорогунов, според сведоштвата, му фрлил „пик“ уште првиот ден кога почна пренамената на дел од Градски ѕид во хотел.

Чорогунов е сопственик на хотелите „Александар Сквер“ и „Александар 2“ во центарот на Скопје, градежната фирма „Караорман“ и неколку други бизниси.  Во јавноста е позната и неговата поврзаност со некои од влијателните луѓе од режимот на Груевски, со кои правдата сè уште војува.

Биљана Јордановска

Share328TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ