• Latest
Бранко Петровски

Крвнички напад среде бел ден во строгиот центар на Скопје

May 19, 2019

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Не прашувам реторички: што правите, бе?

July 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Крвнички напад среде бел ден во строгиот центар на Скопје

May 19, 2019 11:05
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Бранко Петровски

Бранко Петровски

Share on FacebookShare on Twitter

Според исказите на очевидци, скопски бизнисмен, го претепал Бранко Петровски вчера, околу 13 часот во најстрогиот центар на Скопје. Бизнисменот е сопственик на неколку хотели во центарот на Скопје, градежна фирма и неколку други бизниси. Во најнепосредна близина на еден од неговите хотели се наоѓа малата менувачница на Петровски и неговото кафуле „Гарсон“, повеќе години познато како омилено собиралиште на млади уметници, новинари и граѓански активисти.

Бизнисменот го извршил нападот врз Петровски во најнепосредна близина на неговиот хотел, изграден минатата година, откако претходно му го попречил патот и побарал од него да ја симне рекламата за неговата менувачница што таму е поставена пред 19 години. Откако Петровски мирно побарал од него да му дозволи да продолжи по патот, тој го нападнал со тупаници, го кутнал на земја и продолжил силно да го удира во пределот на лицето. Последиците од овој напад се видливи, скршена вилица и тешка повреда на левото око на Петровски.

Во текот на минатата ноќ, Петровски не е хоспитализиран затоа што немало место ниту во Градската болница, ниту на државната клиника, иако тоа го побарало неговото семејство, бидејќи обилно му крварел носот и не можел да заспие од болки и од тоа што се гушел во сопствената крв.

Соседството е крајно вознемирено и потресено од овој тежок инцидент. Го знаат Петровски како мирен, тивок и добар сосед, кој неодамна извојувал успешна битка со ракот. Поради хемотерапијата и лекарствата што сѐ уште ги прима, тој физички бил немоќен да се одбрани од жестокиот напад. Непосредно по нападот, бизнисменот му рекол дека му е криво што не го убил.

Полицијата, според неофицијални информации, го привела бизнисменот, иако тој се противел на приведувањето, затоа што се спремал да оди на свадба. Во овој момент, не е познато дали напаѓачот е во притвор или бил на свадба во текот на минатата ноќ.

 

Share110TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ