• Latest

Беса и ДР-ДПА се подготвени да коалицираат со СДСМ

January 31, 2017

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Беса и ДР-ДПА се подготвени да коалицираат со СДСМ

January 31, 2017 17:25
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Македонија нема веќе време за губење и што побрзо треба да се формира стабилна политичка влада“, изјави претседателот на ДР-ДПА, Зијадин Села, во емисијата „10 Минути“ на ТВ21. Според него, новите избори нема да бидат решение, туку ќе ја продлабочат кризата. Тој истакна дека доколку се распишат нови избори, ќе ги повика албанските партии да ги бојкотираат изборите.

„Албанските политички партии не треба да прифатат избори заради тесни политички интереси, нивни, па и на некои македонски политички партии, поточно, на некои лидери кои сакаат да си ја спасат главата“, вели Села.

Села додаде дека новата влада треба да има сериозен пристап и да ја разгледа можноста и за промена на името, со цел Македонија да стане членка во евро-атлантските структури. Тој потенцира дека Заев треба да се изјасни за Платформата на албанските партии и да не чека претседателот на државата Ѓорѓе Иванов да му го додели мандатот, бидејќи, како што рече, тоа може да не се случи.

„СДСМ не треба преку прес-конференции да бара некој да му го подари мандатот, и доколку сака да формира влада, ќе треба да почне преговори со албанските политички субјекти. Го сакал јас тоа, или не, за жал, најпрвин со ДУИ, затоа што тие ги имаат бројките, без нивните бројки не може да се прави никаква комбинација за влада”, изјави Села, во емисијата „200“ на ТВ Алсат-М.

Движењето Беса ја прашува ДУИ – уште колку време и аргументи ѝ требаат за да го разбере антиалбанскиот став на ВМРО – ДПМНЕ? Потпретседателот на партијата, Зеќирија Ибрахими, за ТВ Алсат М, изјави дека се подготвени да гласаат во Собранието за новата влада, доколку Иванов му го даде мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Ние не криеме дека доколку е во интерес заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ и на ова нејзино раководство од политичката сцена на Македонија, можеме да разговараме со Заев за парламентарно мнозинство“, изјави Ибрахими.

Сепак, и покрај изразената подготвеност за соработка со Заев, од Движењето Беса велат дека за модалитетите ќе разговараат откако лидерот на социјалдемократите ќе го добие мандатот.

 

 

Tags: БесаДР ДПАДУИЗеќирија ИбрахимиЗијадин СелаКоалицијаСДСМ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ