поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
На тие што грчевито го бранат постојниот изборен модел, од нивно искуство им е познато дека со десетина илјади „административци”, со или без работни места, кои плата земаат од буџетот, лесно може да се обезбеди потребен број гласачи за десетина пратеници, потребни било ВМРО или СДСМ, да формираат влада.
На другите партии на Албанците треба да им биде јасно дека од нив никој не бара ни федерализација ни редефинирање на Македонија, како што се уверија на последните избори.
*
Не постои кандидат на ВМРО и на СДСМ кој за Али Амети нема „добра биографија“.
Така е кога чекаш некој да те спаси од затвор.
*
Изградбата на делницата на автопатот Скопје-Блаце во должина од само 2 км. создава можност во дупка да отидат многу повеќе од 400.000 евра. Да се надеваме дека овој пат оваа можност нема да се искористи.
*
Во С. Македонија, по сѐ изгледа, дефинитивно проблем не се меѓуетничките, туку интеретничките односи, врзани со криминалот, корупцијата и правната држава.
*
Овие од ДУИ често кажуваат дека имаат некои несогласувања со СДСМ, но никогаш со ВМРО, дури и кога таа и Уставот го крши.
*
Во Тетово и на Попова Шапка неопходно е со несмален интензитет да се истражат узурпацијата, дивите градби, легализацијата и другите злоупотреби на урбаната мафија, кои продолжуваат и натаму, со знаење и амин на надлежното министерство.
*
БУЧКО СЕ СПАСИ…
Бучкоски се спаси. Значи ли тоа дека во иднина ќе добие третман на жртва на режимот?
Сите права се задржани. Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.