Владата во Софија соопшти дека го овластила претставникот на Постојаната делегација на Бугарија во НАТО да го потпише Протоколот за членство на Македонија во Алијансата.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на почетокот на неделава најави дека потпишувањето на Протоколот за приклучување на Македонија ќе се случи многу брзо, а шефот на македонската дипломатија Никола Димитров изјави дека очекува тоа да биде најдоцна за две недели.
Интеграцијата на Македонија во НАТО, која беше во застој по грчкото весто на Самитот во Букурешт во 2008 година, е овозможено по ратификацијата на Договорот од Преспа во парламентите на Македонија и на Грција, со кој името на земјава е Република Северна Македонија за севкупна употреба, со признати македонски јазик и македонска националност.