Бугарската влада ќе издвои 500.000 лева или 250.000 евра за финансирање на проекти на бугарските заедници во Албанија, Србија, Косово, Украина, Молдавија, како и граѓански организации во Северна Македонија со бугарска самосвест, јавува бугарската телевизија БНТ. Целта на одлуката, како што се наведува е да им се помогне на организациите да ја зајакнат својата структура, да создадат можности за проширување на нивните активности за зачувување на бугарскиот идентитет меѓу заедниците во странство, како и за нивно присуство во јавноста.
– Тоа е потврда за постојаната политика на Владата на Бугарија за гарантирање и остварување на правата и интересите на бугарските заедници во странство, во согласност со локалното законодавство и нормите на меѓународното право, пренесува БНТ. Парите ќе се распределуваат преку Министерството за надворешни работи на Бугарија, предвидени во буџетот за 2020-та година.
П.К.