• Latest

Бугарските услови поставени – Европа без коментар, руско „запрашување“ на вистината, анализа на процесот за докажување на геноцидот во Украина

April 19, 2022
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Бугарските услови поставени – Европа без коментар, руско „запрашување“ на вистината, анализа на процесот за докажување на геноцидот во Украина

April 19, 2022 16:08
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Европската комисија останува на ставот дека Бугарија и Северна Македонија треба да изнајдат „заедничко прифатливо решение“ за спорот, но одби да даде коментар за билатералните услови во ЕУ процесот.

МИА денеска на редовниот брифинг за новинари на Европската комисија побара коментар како за посетата на бугарската владина делегација во центарот во Битола кој го носи името на контроверзниот Ванчо Михајлов, како и коментар за најавата за нова блокада на ЕУ патот од страна на Софија.

Портпаролката Ана Писонеро ги повтори истите познати реченици за „заедничко прифатливо решение“.

Останува неодговорено прашањето дали условите што ги поставува Софија – промена на Уставот пред стартот на преговорите со ЕУ, промена на учебниците, итн. – се услови што ги одобрува Европската комисија иако е јасно дека тие не се дел од Копенхашките критериуми, кои Комисија е должна да ги почитува како чувар на Повелбите на ЕУ.

Пријавата за упис на основање на Здружение Културен Центар Иван Михајлов Битола, до Централен регистар е доставена од страна на лицето Љупчо Ѓоргиевски на 13 март 2019 година, заедно со прилог докази согласно член 42 од Законот за здруженија и фондации, вклучително и Изјава заверена на нотар за немање законски наследници до трет наследен ред за лицето Иван Михајлов и Известување од Министерство за правда од 05 март 2019 година, дека не е во можност да издаде одобрение од причина што во Министерството не се води регистар на историски личности, информираат од Централниот регистар, пренесува МИА.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Проруските сепаратистички сили започнаа делумна операција за преземање на челичарницата Азовстал во Мариупол, каде се наоѓаат преостанатите украински сили, изјави денеска портпаролот на проруските сили Едуард Басурин.

„Групите формирани за напад на објектот почнаа да работат. Добиваме помош од Русија, се работи за авиони и артилерија. Така наречените бранители на украинскиот народ конечно ќе се предадат“, истакна Басурин.

Според руското Министерство за одбрана во опколената фабриката Азовстал има 2.500 украински војници.

*

Главниот украински преговарач и советник на претседателот, Михаило Подољак изјави дека преговорите со Русија  станаа многу покомплицирани по воените злосторства на руските сили во градовите Буча, Мариупол и Волноваха.

Тој истакна дека Украина побарала од Русија да отвори хуманитарен коридор од Мариупол до Бердјанск, но Москва го одбила барањето.

„Невозможен е цивилизира дијалог со Русија“, истакна Подољак.

*

Вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук на својот канал на Телеграм објави дека денеска, трет ден по ред, повторно нема да се воспостават хуманитарни коридори, пренесува МИА

„За жал, денеска, 19 април, нема хуманитарни коридори. Продолжува интензивното гранатирање во Донбас“, објави таа.

*

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија не размислува за употреба на нуклеарно оружје во Украина, но потенцираше дека почнала нова фаза од „специјалната воена операција“, пренесува МИА.

„Ќе користиме само конвенционално оружје“, потенцираше Лавров.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Панел дискусија на ЦИВИЛ: „Европските вредности кај младите“

ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема: „Европските вредности кај младите“, на 20 април (среда), во 13 часот во прес центарот на организацијата во Бизнис Центарот „Палома Бјанка“.

На панелот ќе се отворат прашања за младите и европските вредности, еднаквата основа за развој во различни сфери и аспекти, како што е застапувањето, образованието, вработувањата и слично. Исто така ќе се разговара и за новите трендови и приоритети во младинските политики, актуелните потреби на младите и нивно вклучување во процесите на креирање политики, како и наодите од имплементацијата на Законот за младинско учество и младински политики. Со еднаквата основа за развој се почитуваат и човековите права и слободи, и се негува мултикултурализмот во нашето општество.

Панел дискусија на ЦИВИЛ за дезинформациите, пропагандата и проруските наративи во медиумите

ЦИВИЛ ќе ја одржи втората панел дискусија од серијалот „Зад димната завеса“ в четврток, 21 април, со почеток во 13 часот. Настанот ќе се емитува во живо, на Фејсбук и Јутуб. Тема на панел дискусијата е „Дезинформациите и пропагандата во медиумите: Влијание на проруските наративи врз евроатлантската ориентација на Северна Македонија“.

Учествуваат универзитетскиот професор д-р Никола Дујовски и новинарите Љубомир Костовски од „Глобус“ и Дејан Андоновиќ од „Слободен печат“. Модераторка на дискусијата ќе биде Биљана Јордановска, ЦИВИЛ.

ДИСТРИКТ

Данилов: До ефикасна администрација потребна е и ефикасна политичка волја

Во Дистрикт на Цивил Прес Студио, интервју на Зоран Иванов со Влатко Данилов – економист консултант, магистер по финасиски менаџмент, специјалист за јавни финасии, зборува за недоволната контрола за јавните пари, неотпорноста на институциите да се справуваат со партизациите и корупциите, за администрацијата и нужните реформи кај сервисот на граѓаните и за уште по нешто.

 

ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Руска пропаганда за „запрашување“ на вистината!

Руската пропаганда и дезинформациите очигледно добро поминува кај антиваксерите кои во Путин гледаат како спасител кој ќе ги спаси од Ковид-19. Од пред неколку дена на социјалните мрежи масовно се шири видео во кое се гледа дека руски војници наводно заплениле Ковид-дронови.

„Руската армија заплени неколку беспилотни летала (ковид-дронови), на кои има канистри од 30 литри средства за предизвикување ковид и разни други болести, со распрскувачи на дното, кои беа наменети и за руската армија и за цивилното население!“, стои во објавата која се шири на социјалните мрежи“, стои во објавата која се шири на социјалните мрежи.

Вистината е дека т.н. „ковид-дронови“, всушност се земјоделски дронови! Доволно е да се пребара на интернет и ќе се најдат повеќе видови на дронови кои служат за земјоделски потреби…

Разобличување на новите лаги и дезинформации на руската пропаганда

Украинската Владина канцеларија за координација за Европска и евроатлантска интеграција објави компилација од најновите руски лажни вести и дезинформации и нивно разобличување.

На почетокот на компилацијата се изнесува дезинформацијата на руските пропагандисти кои измислија нова  лага за „лошите Американци“ и персоналот на вооружените сили на Украина.

Пропагандистите од Кремљ  почнаа да шират лажни информации дека „американските специјалисти обезбедуваат борбени лекови на украинските војници и офицери за да бидат поотпорни во битката и да не чувствуваат болка“. Разработувајќи ја оваа тема, пропагандистите прават паралела со Третиот Рајх и велат дека „нацистите користеле и борбени дроги“.

АНАЛИЗА

„На крајот од минатата година многумина ги вознемири информацијата дека во Русија официјално се одобрени државни стандарди за опремување на масовни гробници на загинати, со детални правила на уредување на „братски гробници“ за 1.000 луѓе, прописи за тоа итн. Тогаш беше нејасно што значи тоа и како генерално е возможно да се донесат такви „државни стандарди“ во XXI век. Сега сложувалката се комплетира“, пишува Сергиј Сидоренко, уредник на „Европејска правда“ во анализата „Најголемото злосторство на Русите: Зошто доказите за геноцид во Украина може да го променат светот?“

ФЛЕШ ВЕСТИ

ОБРАЗОВАНИЕ На седница на Влада денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе информира за состојбата во образованието и заклучоците ќе бидат пратени до Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и соопштение во јавноста.

ИЗВЕШТАЈ Во Годишниот извештај за слобода и права на граѓаните, заштитата на детски права е втора област по најголем број претставки за повреда на правата, а областа образование е една од најранливите категории, соопшти народниот правобранител Насер Зибери на отворањето на тркалезната маса „Унапредување на квалитетот на инклузивното образование на децата со попреченост“.

ИТЕН ПОВИК Како да се подобри искуството на крајните корисници – граѓаните, но и кои се можностите, недостатоците и предизвиците за одржување на системот за новововедениот број за итни повици 112 на целата територија на државата, дебатираа учесниците во имплементацијата на единствениот број што од февруари годинава ги замени итните броеви на полицијата, брзата помош, противпожарната единица и Центарот за управување со кризи.

БЕЗБЕДНОСТ Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со амбасадорот на Кралството Холандија, Н.Е. Дирк Јан Коп, државната секретарка во МВР, а воедно и Национална координаторка за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, Магдалена Несторовска, јавната обвинителка Гордана Смаќоска, како и шефицата на Канцеларијата на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), Соња Божиновска Петрушевска, денеска учествуваа на завршната обука за криумчарење на мигранти и други облици на транснационален криминал.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Во балканскиот етно-империјалистички натпревар, „српскиот свет“ во Македонија и понатаму е во убедливо водство пред „бугарскиот свет“, иако би можело да се тврди дека зад таа трка кон дното генерално стои „рускиот свет“, ама ајде сега да не ја тенчиме… Но, „тапијата“ за постоењето на „македонскиот свет“ – мултикултурен и демократски – веќе не е во архивите на минатиот век“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Епохален тонч од Белград за Софија, виа Битола!“

„Лево покрај оградата имате зејтин. Можете да купите само по два литри без разлика кој бренд ќе го одберете, на каса не донесувајте повеќе литри, зошто фискалната не дозволува да се наплатат“, пишува Војо Маневски во денешната колумна „Шарлатан“

Б. Јордановска

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ