Руската пропаганда и дезинформациите очигледно добро поминува кај антиваксерите кои во Путин гледаат како спасител кој ќе ги спаси од Ковид-19. Од пред неколку дена на социјалните мрежи масовно се шири видео во кое се гледа дека руски војници наводно заплениле Ковид-дронови.
„Руската армија заплени неколку беспилотни летала (ковид-дронови), на кои има канистри од 30 литри средства за предизвикување ковид и разни други болести, со распрскувачи на дното, кои беа наменети и за руската армија и за цивилното население!“, стои во објавата која се шири на социјалните мрежи“, стои во објавата која се шири на социјалните мрежи.
Оваа информација не е точна! Ваквата дезинформација и лага доаѓа од српскиот државјанин Кнез Срѓан А. Бабовиќ, кој отворено ја подржува руската агресија. Ова видео е споделено повеќе од 13.000 пати.
Ваквата дезинформација ја шират и македонските државјани (антиваксери) и симпатизери на Путин кои го споделија видеото на Фејсбук групата „Против загадување и труење на народот!
Вистината е дека т.н. „ковид-дронови“, всушност се земјоделски дронови! Доволно е да се пребара на интернет и ќе се најдат повеќе видови на дронови кои служат за земјоделски потреби.
Како функционираат земјоделските беспилотни летала може да се види на следниве видеа:
Лагите и дезинформациите и ваквите ефтини обиди за „запрашување“ на граѓаните е со цел да се оправда руската агресија и масакрот на цивили во Украина. Руските војници им ги запленуваат земјоделски дронови на украинските земјоделци кои наместо да си ја обработуваат земјата и почвата, принудени се да ги напуштат не само дроновите, туки и своите куќи!
Дехран Муратов