• Latest

Чакар: Тесно етничките прашања ниту се причина, ниту се решение за односите меѓу заедниците на локално ниво

December 17, 2021

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Чакар: Тесно етничките прашања ниту се причина, ниту се решение за односите меѓу заедниците на локално ниво

December 17, 2021 11:01
in ИЗЈАВИ, МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Ели Чакар, државна советничка во министерството за локална самоуправа на панелот на ЦИВИЛ „Едно општество за сите, сегашност и перспективи“.

„Кога зборуваме за важноста и улогата на локалната самоуправа, сакам да издвојам еден податок за илустрација. Во демократските децентрализирани држави, како што претендира и нашата да биде, 75 отсто од националното законодавство се имплементира на локално ниво. Овој податок, сам за себе кажува колку е важна капацитетноста на локалните власти и воопшто на локалната самоуправа, за спроведување на националните политики, но исто така, и за креирање и спроведување на сопствени, локални политики коишто ќе придонесат за создавање на поинклузивно и поинтегрирано општество, во коешто секој граѓанин ќе се чувствува, и ќе го има чувството на припадност, одговорност, но и на значајност во таа заедница. Без разлика дали станува збор за локална или заедница на национално ниво.“

Стратегијата беше креирана во еден амбиент на широк организиран консултативен процес, во кој присуствуваа многу институции, речиси сите министерства, но учествуваа и многу претставници од активниот граѓански сектор коишто делуваат на локално и национално ниво, и во тој момент, не беше многу дефиниран опфатот на стратегијата, рамката на стратегијата. Од оваа перспектива, мислам дека беше многу позитивен аспект, затоа што создаде амбиент на еден креативен процес, особено претставниците на граѓанскиот сектор, многу реално настапија, имајќи ги предвид резултатите од експертизата што ја правеле на локално ниво, меѓутоа познавајќи ги реалните прилики и потреби во локалните заедници. Од тој консултативен процес произлезе заклучокот дека два аспекти се исклучително важни. А тоа е, да се зајакнуваат капацитетите на локалната самоуправа, на општините, за поттикнување на граѓанското учество, за вклучување на граѓаните во донесување на информирани одлуки, и вториот аспект, беше создавање услови за праведен, воедначен пристап до ресурсите, за сите граѓани. Со акцент на локалните услуги, без разлика на местото на живеење, без разлика на етничката припадност, верската, политичката припадност, пред се, поаѓајќи од принципот дека секој граѓанин е подеднакво важен.

Ова е процес којшто бара постојано инвестирање во него, вели Чакар во однос на досега сработеното што се однесува до Стратегијата.

„Во моментов, наш предизвик е како да ги ставиме во функција комисиите за односи меѓу заедниците, на локално ниво. Тоа е еден консултативен механизам којшто е формиран со законот за локална самоуправа, прв закон донесен по Охридскиот рамковен договор, во тој период беа формирани овие комисии во сите осумнаесет општини кои со закон се задолжени да ги формираат, дури и во повеќе општини коишто можат тоа да го направат на доброволна основа. Меѓутоа, после дваесет години, можеме да констатираме дека најголем број од овие комисии, не се функционални. Практично, не постои амбиент зошто да функционираат.

Како причина за нефункционирањето на овие комисии, Чакар посочува дека според истражувањата, делувањето на комисиите биле фокусирани на тесно етнички прашања, како што се грбот и знамето на општината, употребата на јазиците на помалите етнички заедници застапени под 20 отсто, имиња на улици и така натаму.

„Меѓутоа, после дваесет години, амбиентот е сменет. Тесно етничките прашања ниту се причина, ниту се решение за односите меѓу заедниците на локално ниво. Напротив, акцентот е ставен на реалните потреби на граѓаните, на квалитетот на живеење во локалната заедница“, вели Чакар.

„Перспективно, овие комисии треба да бидат поактивни, да создаваат можност за воедначено претставување на сите заедници во општините, и место каде што ќе се учи култура на комуникација, меѓуетнички дијалог, почитување, каде што сите етнички заедници ќе можат да го подобрат квалитетот на живеење на сите во локалната заедница“, порачува Чакар.

Понатаму, Чакар посочи на правичниот пристап на услугите на локално и централно ниво, како и обезбедување услови за посилно граѓанско учество на сите нивоа, имплементацијата на рамномерниот регионален развој за намалување на разликите во развојот, како главна цел.

Панелот го водеше Петрит Сарачини

Обработка на текст: Дијана Тахири

Камера: Атанас Петровски/ Дехран Муратов

Монтажа: Ариан Мехмети

Фотографија: Горан Наумовски

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ