• Latest

Хаос во Сојузот на синдикати на Македонија!

November 23, 2016

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Хаос во Сојузот на синдикати на Македонија!

November 23, 2016 23:02
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По седницата на Советот на Сојузот на синдикатите на Македонија, одржана на 13-ти ноември, ССМ денеска излезе со соопштение дека е сменет претседателот Живко Митревски, а на негово место е назначен Дарко Димовски, досегашен секретар на организацијата.

ssm-660x330

Во соопштението, како причина за смената на Митревски, се наведени повеќе причини како одржување седници без потребен кворум, издавање на имот на ССМ без одлуки на органите и телата, доносување одлуки спротивни на Статутот и на штета на поголемиот дел од членките на сојузот, како и создавање раздор меѓу гранските синдикати.

Ваквата одлука, ССМ ја доставил до Министерството за труд и социјална политика, кое донело решение назначениот Димовски, да биде запишан во Централниот регистар, како нов лидер на Синдикатот, и го доставило на 14-ти ноември.

„Централниот регистар, непочитувајќи ги законските одредби, сé уште ја нема извршено промената, со што му нанесува штета на севкупното членство на гранските синдикати на ССМ“, се вели во соопштението.

Во меѓувреме, Митревски соопшти дека поднел кривична пријава против министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски, како и против пет други лица, за злоупотреба на службената положба и овластување.

Министерката пак, го обвини Митревски за непознавање на синдикалните акти и целокупната постапка. Го потсети на 2010 година, кога во иста таква постапка, тој го сменил тогашниот лидер на ССМ, Ванчо Муратовски, при што, наместо со решение од министерот, е впишан во Централниот регистар – со заклучок, како несоодветен правен акт во постапка за упис на одговорно лице.

ССМ најави прес-конференција на која ќе се изнесат сите документи за смената на Митревски.

 

Tags: Ванчо МуратовскиДарко ДимовскиЖивко Митревскисиндикален лидерССМФросина Ременски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ