Честит 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците , на граѓанките и граѓаните припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија.
Денеска се одбележува Меѓународниот ден на Бошњаците, во спомен на 28 септември 1993 година, кога во Сараево се одржа Бошњачкото Собрание и беше донесена одлука за враќање на историското име Бошњак, и да се врати историското именување на босанскиот јазик.
ЦИВИЛ како организација која длабоко ги негува и промовира културните и етничките различности во земјата и ширум светот, им го честита Денот на сите Бошњаци во Северна Македонија, со почит кон посебноста и вредностите со кои придонесуваат во нашето мултикултурно општество.
М. Д.