• Latest

Четири предлози на Беса за уставни промени

October 25, 2018

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
Скриншот од видео на WLOS ABC 13 News

Русија се врати на масата на Г20, Европа возврати со бојкот: Бесент му порача на Силуанов – нема економско олеснување додека трае војната

September 1, 2026

Две години ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Секојдневен граѓански форум со ЦИВИЛ, гласно и бескомпромисно

September 1, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Четири предлози на Беса за уставни промени

October 25, 2018 12:00
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратениците на Движењето „Бeсa“ на Биљал Касами  поднесоа барање до Владата, како овластен предлагач на уставните промени, при изготвувањето на нацрт предлогот за уставните промени што треба да се достават до Собранието.

Пратениците излегоа со четири предлози и нивно образложение како овие промени ќе го надоградат  Уставот на Република Македонија за да биде конзистентен со демократските и европските вредности на живеење.

Во делот преамбулата, тие бараат да се врати предлогот кој беше усвоен од потписниците на Рамковен договор од 2001 година, каде Македонија е дефинирана како рамноправна држава на сите граѓани.  Односно, да се врати првичниот предлог каде Македонија ќе биде граѓанска држава, со рамноправни граѓани и етнички заедници.

Исто така бараат да се преформулира Амандман V, точка 1, параграф 1, од Уставот на Република Македонија на следниот начин: На целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилично писмо, како и албанскиот јазик и неговото латинско писмо.  Како што стои во образложението на овој начин ќе се овозможи употреба на албанскиот јазик како службен јазик.

„Со договорот од Преспа се заштитува и гарантира идентитетот и јазикот на Македонскиот народ, што за нас е неспорен факт, но од другата страна во постоечкиот устав имаме една подредена ситуација врзана за албанскиот народ во делот каде се регулира употребата на албанскиот јазик со ограничување со дефиниција на ‘‘проценти‘‘ а не преку прифаќање на идентитетот и јазикот на албанскиот народ“, се вели во образложението.

Пратениците бараат да се допрецизира Член 49 од Уставот на Република Македонија во насока дека  Република Македонија води грижа за своите граѓани кои живеат надвор од територијата на Република Македонија, еднакво за сите етнички заедници.

Четвртото барање се однесува на преформулирање на  Член 75, параграф 3 и 4 на таков начин што на Претседателот на државата да не  му се овозможува да ги блокира законите кои се усвоени по второ гласање во Собранието на РМ, односно да стекнува уставни надлежности кои не му припаѓаат.

„По второто гласање во Собранието на Република Македонија ако Претседателот на Републиката не го потпише Указот за прогласување на законот во одреден временски рок од седум дена,  тогаш Претседателот на Собранието на Република Македонија може да го потпише законот и да го упати на објавување во службен весник на РМ“, бараат од „Беса“

Како што објаснуваат пратениците овие промени во Уставот  значително ќе ја подобрат содржината на Уставот на Република Македонија и ќе ја отсликуваат општествената реалност и општественото секојдневие на Македонија. Како што велат пратениците ова ќе овозможи ефикасно функционирање на државните органи, што е од исклучителна важност за една држава која се стреми за интеграција во НАТО и ЕУ.

Б. Јордановска

Tags: амадманибарањеБесауставни промени
Share17TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ