• Latest

Четири респиратори за Клиниката за детски болести донирани од Словачка

April 29, 2021
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Четири респиратори за Клиниката за детски болести донирани од Словачка

April 29, 2021 12:57
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Четири респиратори кои ќе се користат за лекување пациенти со КОВИД-19 хоспитализирани на Клиниката за детски болести беа донирани денеска од владата на Словачка. Апаратите се веќе ставени во употреба, а денеска донацијата беше официјализирана во присуство на заменик-министерот за надворешни работи на Словачка Мартин Клус и словачкиот амбасадор во земјава Хенрик Маркуш.

Клус изјави дека Северна Македонија е меѓу нај пријателските земји на неговата, искажа поддршка за нашата европска перспектива и рече дека му е задоволство што денеска присуствува по повод медицинската донација.

– Затоа што за нас е многу важно спасувањето на секој еден живот со овие првокласни респиратори произведени во Словачка. Тоа се фантастични вести, не само за Северна Македонија, туку и за Словачка и нашите граѓани, и јас сум горд поради тоа. Верувам дека ваквата солидарност покажува колку се блиски нашите народи, истакна Клус, додавајќи дека се подготвени и во блиска иднина за каква било солидарност и помош кои се потребни за надминување на КОВИД-пандемијата.

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров се заблагодари до, како што рече, партнерска, пријателска и сојузничка Словачка, во неколку наврати покажала голема солидарност и во периоди кога и на словачкиот народ му треба помош и поддршка.

-Ова се четири исклучително модерни и барани респиратори, бидејќи се адаптираат на потребите на организмот. Словачка е, исто така, и меѓу најактивните поддржувачи на нашата европска иднина и затоа сум тука денеска, за да ја потенцирам благодарноста на нашата Македонија, на македонските граѓани до словачката Влада и словачкиот народ, бидејќи застанаа цврсто и јасно на европските принципи, а без тоа ЕУ не може да биде заедница на вредности, истакна Димитров

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека донацијата е во рамки на системот на солидарност на земји од ЕУ, кој функционира од почетокот на пандемијата и со чија помош пристигнаа голем број донации во медицинска опрема, лична заштита, генератори и придружна техника и без кои, како што рече, кризата тешко ќе се менаџираше.

-Сакам да изразам благодарност до заменик-министерот за надворешни работи на Словачка, посебно до многу активниот амбасадор на Словачка во нашата земја, со кој интензивно разговаравме цела оваа измината година и кој се вложи и со лични контакти за оваа донација од четири респиратори, кои се веќе ставена во употреба, да стигне во нашата земја, затоа што имаше интерес и од многу други земји да ја добијат. Респираторите имаат карактеристики да се употребуваат за пациенти кои се заболени од КОВИД. Пациенти веќе беа поставени и навистина дадоа одлични резултати, истакна Филипче, очекувајќи да продолжи солидарноста од земјите на ЕУ, а тоа се и вакцините кои треба да стигнат идната недела.

За словачката донација се заблагодари директорката на Клиниката за детски болести Аспазија Софијанова, истакнувајќи дека апаратите се исклучително важни во време на пандемија која, рече, не ги одмина ниту децата.

-Нивната употреба за Клиниката за детски болести и Одделот за интензивна нега и терапија ќе значи спасување на детските животи. Од исклучителна важност е современиот тренд на нивно лекување. Овие апарати се модерни, ефикасни, а најмалите го заслужуваат најдоброто. А и ние, лекарите, се уште сакаме да учиме, па новитетите во технологијата и медицината со задоволство ќе ги прифатиме со нашите колеги во Словачка. Поканети сме да бидеме гости во Кошице и таму ќе споделиме знаења и вештини за спасување детски животи, рече Софијанова.

Соопшти дека на Клиниката во моментов се лекуваат околу 15 деца со нивните мајки кои се КОВИД-позитивни, но се стабилни, а ги лекуваат поради евентуална компликација.

– Дел од нив веќе ги испишуваме и се во сосема стабилна состојба. Немаме ни едно во загрозувачка состојба. Трендот на намалување на бројот на заболени се забележува и кај децата, додаде директорката на Клиниката за детски болести.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ