На денешната седница на Судскиот совет на Република Северна Македониа беше соопштено дека поранешниот претседател на Државната изборна комисија Александар Чичаковски конкурирал за судија во Управниот суд.
Чичаковски, како што беше посочено на седницата, може да оди понатаму во изборот заедно со другите кандидати кои положиле компјутерски вештини.
Чичаковски ќе биде запамтен во јавноста по аферата со делење бонуси заедно со другите членови на ДИК, заради што поднесоа оставки веднаш по парламентарните избори во 2016.