• Latest

Членките на ЕУ кои се граничат со Русија и Белорусија бараат поголема финансиска поддршка од Унијата

June 27, 2024

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Членките на ЕУ кои се граничат со Русија и Белорусија бараат поголема финансиска поддршка од Унијата

June 27, 2024 09:22
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Државите членки на ЕУ, Полска, Естонија, Литванија и Летонија ја повикаа Унијата да обезбеди поголема поддршка за воената и цивилната заштита на нивните граници со Русија и Белорусија.

Во писмо до претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, четирите источноевропски земји кои се граничат со Белорусија, Русија или и двете, истакнаа дека „многу добро знаат што значи да се биде на првата линија на ЕУ“, повеќе од две години по руската инвазија на Украина во 2022 година.

Истакнувајќи ја „непоколебливата поддршка за Украина“, земјите порачуваат: „мораме да трошиме повеќе и да ги координираме одбранбените иницијативи внатре во ЕУ и со НАТО, кој останува основа на колективната одбрана, комбинирајќи ги нашите способности за заштита, одвраќање и одбрана на нашите граѓани и нашите територии“.

„Ние сме жестоки поддржувачи на воените напори на Украина и интензивно вложуваме во нашите вооружени сили, одбранбената продукција и заштитата на нашите граници со Русија и Белорусија“, додаваат тие. „Сепак, потребно е да се направи многу повеќе и тоа на усогласен начин“.

Меѓу другото, тие ги наведуваат „инструментализацијата на мигрантите, саботажите, дезинформациите“ како и кибер напади како специфични закани што доаѓаат од Русија и нејзината сојузничка Белорусија, што се прашања кои на крајот влијаат на целата ЕУ, рекоа тие во писмото кое го потпишаа полскиот премиер Доналд Туск, премиерката на Естонија Каја Калас, претседателот на Литванија Гитанас Науседа и премиерката на Летонија Евика Силина.

Полска и балтичките земји се меѓу најотворените поддржувачи на Украина по руската инвазија.

Нивното барање доаѓа во пресрет на денешниот Самит на лидерите на ЕУ, на кој треба да се договорат за распределбата на главните должности во Европската Унија по неодамнешните европски избори.

Лидерите на ЕУ исто така треба да разговараат за војната меѓу Израел и Хамас, финансирањето на одбранбената индустрија, економската конкурентност, како и да усвојат стратешка програма за следните пет години.

Во Брисел се очекува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ќе потпише безбедносен договор со ЕУ и ќе ги информира лидерите на ЕУ за состојбата на првата борбена линија во Украина.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕстонијаЕУЛетонијаЛитванијаПолска
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result