• Latest

Хелсиншки комитет: Јавното обвинителство води неефикасна истрага за случајот на Тамара Димовска!

February 9, 2017

Условот е познат со години, Брисел само го повтори: Зошто Мицкоски е незадоволен?

October 3, 2026

КОЈ И ЗОШТО САКАШЕ ДА ГО УБИЕ КИРО ГЛИГОРОВ? 31 година прашања без одговор

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026
Фото: Антон Препелицjа

На која страна си ти?

October 3, 2026

Од Кукла и Некст Тајм до Дон Џони: Зошто Македониумот сега стана политички скандал?

October 3, 2026
Насловна страница: Црвените во инвазија на Полска (Chicago Sunday Tribune, 17 септември 1939)

„Заштита на малцинствата“ како алиби за агресија: Од Полска во 1939 до Украина во 2022

October 3, 2026
Роберт Рајх (Wikipedia)

Роберт Рајх: Случајот Корнел и мизогинијата во ерата на Трамп

October 3, 2026
Урсула фон дер Лајен во Скопје, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Реакции од спротивните страни на политичката палета: Каранфилова Пановска и Андонов по посетата на Фон дер Лајен

October 2, 2026

Фон дер Лајен дојде и си замина: Што остана по љубезната размена на комплименти?

October 2, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Ученички бунт ја тресе Франција: „Не нè слушаат“

October 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Хелсиншки комитет: Јавното обвинителство води неефикасна истрага за случајот на Тамара Димовска!

February 9, 2017 13:01
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија остро реагира на „инертноста која Јавното обвинителство ја покажува во случајот на Тамара Димовска, која поради огромниот пропуст и незаконитото постапување на Фондот за здравствено осигурување, почина на денешен ден пред две години“

Хелсиншкиот комитет бара итен одговор од Јавното обвинителство за исходот од постапката покрената за малолетната Тамара Димовска и најавува дека во спротивно ќе поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права.

„По смртта на малата Тамара, ХКМ изготви  и поднесе кривични пријави против одговорните, а поради сомневање за сторување на кривични дела од членовите 353 став 1 и 2 од КЗ на Република Македонија, односно злоупотреба на службена должност и членот 353-в став 1 и 2 од КЗ на Република Македонија, односно несовесно работење во службата. Кривичната пријава до Основното јавно обвинителство беше поднесена на 19 февруари 2015 година и до ден-денес, Комитетот нема добиено никаков одговор од ОЈО Скопје, иако се изминати точно две години. Ваквото непостапување од ОЈО Скопје е спротивно на член 275 од Законот за кривичната постапка, со кој член се пропишува дека ако јавниот обвинител во рок од три месеци од денот на приемот на кривичната пријава не одлучи по пријавата, должен е веднаш да го извести подносителот на кривичната пријава и повисокиот јавен обвинител“, се вели во соопштението на Хелсиншкиот комитет.

 

Хелсиншкиот комитет и мајка на малолетната Тамара, Жаклина Димовска, поднеле барања до Вишото Јавно обвинителство Скопје, до Јавниот обвинител на Република Македонија и до Советот на јавни обвинители, за спроведување надзор над работата на ОЈО Скопје, за да се утврдат причините за одолговлекувањето на постапката, а побарале и Вишото Јавно обвинителство Скопје да го преземе кривичното гонење во овој случај.

Според ХКМ, по стручниот колегиум на ОЈО одржан на 8 февруари минатата година, кога било одлучено постапката да продолжи со непосредно обвинение пред надлежен суд, доколку обвинетите не го користат своето право на спогодување на вина, ниту барателите – Комитетот и мајката на Тамара, ниту македонската јавност, не добиле известување дали осомничените се спогодиле со Обвинителство или е поднесен обвинителен акт, иако според членот 8 од Законот за јавното обвинителство тоа е должно да ја информира јавноста за одделни случаи, особено ако предизвикуваат поширок интерес во јавноста.

Tags: барањеВишто јавно обвинителствоЕвропски суд за човекови праважалбаОсновно јавно обвинителствоТамара ДимовскаФонд за здравствено осигирувањеХелсиншки Комитет
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ