Против шест пензионирани офицери на поранешна ЈНА осомничени за рекетирање на Бански двори во 1991 година, покрената е истрага, соопшти загребското Жупаниско државно обвинителство.
Со истрагата се опфатени пет лица засега со непознато државјанство и еден хрватски државјанин, кои се осомничени за обид на убиство на претставници на највисоките хрватски државни тела и за воено злосторство против цивилното население.
Обвинителството ги објави само годините на осомничените, но според неофицијални информации, меѓу нив се некогашниот генерал на поранешна ЈНА и командант на Военото воздухопловство во 5. армиска област Љубомир Бајиќ кој издал команда за напад и Слободан Јеремиќ, некогашен припадник на командата на военото воздухопловство кој го планирал нападот.
Според хрватските медиуми ниту еден од обвинетите не е достапен на хрватските власти.
Од 1990 година во Бански двори е сместена хрватската Влада, а на 7 октомври 1991 година авион на ЈНА го нападна објектот. Цел на нападот беше тогашниот хрватски претседател Фрањо Туѓман.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.