• Latest

(ВИДЕО) Чулев не понуди конкретен одговор на ниту едно од 9-те прашања од ЦИВИЛ Медиа

May 27, 2020
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026

ВОЈНАТА СÈ ПОБЛИСКУ – Црното Море, бојно поле пред портите на НАТО: Дронови потопуваат бродови, Бугарија бара одговори од Москва и помош од НАТО и ЕУ

October 13, 2026

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

(ВИДЕО) Чулев не понуди конкретен одговор на ниту едно од 9-те прашања од ЦИВИЛ Медиа

May 27, 2020 14:54
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на денешната прес конференција на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, ЦИВИЛ МЕДИА ги постави следните прашања:

  • Кој ќе одговара за литијата во Струга?
  • Кој ќе одговара за прославата на МВР на 7 мај?
  • Кој ќе одговара за собирот на навивачи пред цркавата Свети Спас на 4 мај?
  • Кој ќе одговара за непостапувањето при оро во Чаир додека полициска кола поминува среде оро и не презема ништо?
  • Кој ќе одговара за случајот „Мицкоски и теретана“?
  • Дали обезбедувањето носело ракавици или сѐ уште е на ставот дека станува збор за отсјај?
  • Дали г. Чулев оправдува партиски лидер да се јавува кај полициски функционери и да врши притисок за предмет за кој има истрага?
  • Дали се работи на одговорите на прашањата поставени претходно во врска со снимањето на спотот по повод Денот на полицијата?
  • Дали се работи на одговорите на прашањата поставени претходно во врска со приведувањето и задржувањето на малолетниците во Штип, на 17 мај, во 23:50 часот?

Последните две прашања се дел од претходни обраќања на Редакцијата до Министерството за внатрешни работи во изминатите неколку месеци, а на кои Редакцијата сѐ уште чека одговор.

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев не даде конкретен одговор на ниедно прашање од ЦИВИЛ Медиа. На самиот крај на прес конференцијата, Чулев ги скрати и обопшти прашањата:

“И на крај, од страна на Цивил Медиа значи има девет прашања, од кои што речиси сите се поврзани со тековни постапувања на Министерството за внатрешни работи, за литијата во Струга, за прославата на МВР, орото во Чаир, случајот Мицкоски и теретана, Свети Спас, 4 мај, и така натаму”, беше скратената верзија од прашањата.

Иако е за одбележување барем тоа што, за прв пат, техничкиот министер прифати дека постојат прашања и од ЦИВИЛ МЕДИА тој, сепак, не понуди вистински одговор на нив.

„Техничкиот“ Чулев вака одговори на поставените прашања:

„Она што сакам да ве информирам е дека Министерството за внатрешни работи на најтранспарентен начин ја информира јавноста во врска со сите случаи од делот на Министерството за внатрешни работи, и за наведените случаи Министерството за внатрешни работи веднаш презема активности во соработка со Основното јавно обвинителство со цел идентификување на лицата инволвирани во настанот и со поднесување на соодветни поднесоци во соработка и координација со Јавното обвинителство, а во однос на евентуално непостапување на полициските службеници надвор од овие протоколи и правилници констатирам дека како Министерство за внатрешни работи постапува одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и полициски стандарди, и како и што сме правеле до сега штом се завршат овие истраги значи ќе биде јавноста благовремено информирана.“

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ