• Latest

Хуманитарните базари – дополнителен трошок за родителите

December 26, 2017
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
Илустрација. ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (2): „Ние знаеме што правиме“ – избирачките одбори пречка во работата на набљудувачите на ЦИВИЛ

November 12, 2025
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Лукоил во цајтнот, нема одговор за судбината на македонската подружница со 550 вработени и 40 бензински пумпи

November 12, 2025
Презентацијата на рускиот робот со вештачка интелигенција сличен на човек - падна додека одеше на сцената.. скриншот од X/@Gerashchenko_en

(ВИДЕО) Првиот руски хуманоиден робот падна на сцената за неколку секунди од презентацијата

November 12, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Њујорк Тајмс: Жените -лидерки во светот, „железните дами“ на десницата

November 12, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ: Информациска војна и пропаганден екосистем во Северна Македонија

November 12, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

Загреб го забрани поздравот „За дом спремни“ на концертите и јавните настани во градот

November 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Стармер ќе се бори против обидите за негова замена како лидер на Лабуристичката партија

November 12, 2025
Војниците на ИДФ дејствуваат на источната страна од Жолтата линија во Кан Јунис во јужна Газа, на фотографија од брошурата објавена на 9 ноември 2025 година. Фото: ИДФ

Кушнер и Нетанјаху сè уште бараат решение за застојот со терористите на Хамас во тунелите во Рафа

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Хуманитарните базари – дополнителен трошок за родителите

December 26, 2017 14:18
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Деновиве во училиштата низ земјата актуелни се новогодишните базари кои се одржуваат во речиси сите училишта и градинки. Најчесто, овие базари се од хуманитарен карактер.

Дел од институциите, уште пред одржувањето на настаните веќе објавуваат каде точно ќе бидат донирани средствата кои ќе се соберат. Дел од нив, пак, одлучуваат откако ќе се одржи настанот.

Има и такви примери каде средствата собрани од ваквите училишни базари подоцна се користат за потребите на учениците во рамки на своите класови.

„Средствата ги собираме, правиме записник и потоа ги користиме за потребите на децата, хартија, материјали, реквизити за спорт и спортски активности“, вели една родителка за ЦИВИЛ Медиа.

„Во нашето училиште има ученик од социјално загрозено семејство. Собраните средства ги дониравме на семејството“, вели родител од општина Аеродром.

„Не знам каде се донираат средствата“, ни одговори еден родител од општина Центар.

Пакетчиња, снешковци, лампиони, украси и колачиња се дел од асортиманите кои се продаваат на овие базари. Ставовите на родителите се поделени. Дел од нив велат дека иако идејата е да се продаваат рачни изработки, кои децата треба да ги изработат заедно со своите родители со цел да не се изложуваат на дополнителни трошоци, сепак, базарите прераснуваат во натпревар кое дете ќе донесе повреден и поскап подарок.

Иако целта е, пред сѐ, хумана, родителите сѐ повеќе овој вид на настани ги карактеризираат како дополнителен трошок.

„Во ред е, разбирам кога овие настани имаат хуманитарен карактер, но ова е веќе премногу. Собираме пари за материјали на почетокот на годината, собираме пари кога треба да се среди нешто во училницата на децата. И сега повторно правиме базар за средствата кои ќе ги собереме да ги искористиме за хартија за печатење на тестовите кои треба да ги прават нашите деца. Целото општество ни „функционира“ на донации. Редно време е да се преиспитаме и да видиме каде одат сите овие средства, како и даноците кои ги плаќаме“, вели еден од родителите и додава дека самите базари се двоен трошок: „Прво купуваме производи за да се продаваат, а потоа одиме на базарот и ги купуваме уште еднаш.“

Еден од градоначалниците на една скопска општина најави дека од септември идната година општината ќе дели по 3.000 денари за секое прваче. Родителите реагираат: „Подобро нека обезбеди средства за непречена настава и работа во училиштата. Затоа што на крајот на денот ние повторно ќе ги дадеме парите“.

Маја Ивановска

Tags: базарНова годинаучилиштахуманитарни настани
Share46Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ