„Пред нас се четири главни цели: реформи во јавната администрација, борба со корупција, реформи во разузнавачките служби и владеењето на правото. Сево ова е поврзано со референдумот, но најважното нешто е да се пресече врвката со авторитарните влади.
Вчерашниот интересен развој во Осбовното јавно обвинителство со истрагата за Фондот за иновации е индикативна, но не е доволна…
Оптимист сум за развојот и капацитетот што го имаме за да ги спроведеме реформите. Затоа што и досега се покажало дека го имаме тој капацитет. Младите тука имаат многу важна улога! Би им предложила да останат активни. Сакам да ги охрабрам да ги покренат прашањата не само за нивните проблеми, туку и за останатите проблеми, како корупцијата во образованието, на пример…“, рече Ана Чупеска.
М. Ивановска