• Latest

ЦИВИЛ бара од институциите бескомпромисна заложба за социјална правда

February 20, 2019

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

July 31, 2026
Илустрација: ChatGPT / OpenAI, по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА.

ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и вклучи глобален аларм

July 31, 2026

Пратениците прашуваа во Собранието, денес прашуваат граѓаните: Која е вашата порака до политичарите?

July 31, 2026

Ванчо Орданоски за инцидентот со Anthropic: Прашањето веќе не е дали ВИ може да хакира, туку кој ја контролира – државите одамна ја користат за сајбер-операции

July 31, 2026
Фото: Wikimedia commons

Подгорица ја усогласи визната политика со ЕУ, Русија предупредува на последици

July 31, 2026
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Нова иницијатива за Газа: Трамп најавува договор, но Израел и Хамас со спротивставени позиции

July 31, 2026
ЌЕ ЈА БИДЕ ЛИ? Ни треба реална проценка, а не „видовити“ политички прогнози

РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

July 30, 2026

ЦИВИЛ бара деполитизација на кризата со водата и обединување во заштитата на здравјето

July 30, 2026

Водата меѓу политиката и кризата – неопходна сеопфатна заштита на здравјето и квалитетот на водата

July 30, 2026
Илустрација ВИ

Во сенка на дневната политика, Изборниот законик остана отворено прашање

July 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ЦИВИЛ бара од институциите бескомпромисна заложба за социјална правда

February 20, 2019 12:44
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Соопштение на ЦИВИЛ, 20 февруари 2019, Светски ден на социјалната правда

Измени во Законот за социјална заштита, измени и дополнувања во Законот за детска заштита, предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација, кои сѐ уште се во собраниска процедура… Повисока минимална плата, шелтер центри за жртви од насилство, згрижувачки домови за деца без родители, придвижување во синдикалното уредување, се дел од социјалните реформи што ја одбележаа 2018 година во Република Северна Македонија. 

Сепак, Светскиот ден на социјалната правда во Македонија нѐ исправа пред фактот дека сме сиромашна држава во која социјалната правда е на последно место, без оглед на поединечни владини ресори кои постигнаа одредени видливи резултати. Бевме и останавме земја на екстремно богати и екстремно сиромашни, каде што граѓанките и граѓаните се лишени од основните социјални права, ако немаат пари или ако не се заштитени од партиски структури, непотизам или клиентелизам.

Кршење на работничките права, невработеноста, сите можни облици на корупција се егзистенцијални проблеми кои со децении не се решаваат. Успешните реформски зафати во сферата на социјалната правда кои ги спроведува Министерството за труд и социјална политика не се доволни. Потребно е решително, сеопфатно и системско решавање на проблемите во доменот на социјалната правда за да се почувствуваат промените.

Како организација за човекови права и слободи, ЦИВИЛ постојано ја алармира јавноста и институциите за тешките состојби во сферата на социјалната правда, во кои спаѓаат социјалната заштита, здравството, образованието, работничките права и низа други.

Колкав и да е трудот на институциите да ја надминат социјалната неправда, да се справат со сиромаштијата, сепак, социјалната и економска исклученост, дискриминацијата, невработеноста, катастрофалното здравство и образование влеваат страв и неизвесност кај граѓанките и граѓаните за тоа како дали и како ќе преживеат до следниот ден.

Во ваква социјална состојба во Македонија многу е лесно да се злоупотребат социјалните прашања и во изборен контекст. Референдумот беше уште еден доказ за злоупотреба на граѓанките и граѓаните што се социјално загрозени преку поткуп, закани и притисоци. Во пресрет на претседателските избори несомнено е дека социјалната нестабилност на земјата ќе се искористи за политички поени и партиски профити.

Генералното собрание на Обединетите нации на 26 ноември 2007 година одлучи да се забележи 20 февруари како ден посветен на социјалниот развој, солидарноста, еднаквоста и хармонијата како темелни вредности во постигнување на социјалната правда, „општество за сите“, со еднакви можности за секого.

ЦИВИЛ бара бескомпромисна заложба за социјална правда во надминување на сиромаштијата со инклузија, а не маргинализација на социјално ранливите категории. ЦИВИЛ бара од институциите и надлежните органи одговорност кон секој поединечен човечки живот. „Еднакво општество и живот за сите“ мора да стане реална заложба, а не обична, изветвена флоскула.

ЦИВИЛ – Центар за слобода

фотографија: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ

Share4TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ