• Latest

Д-р Бранко Блажевски: Здравството ни „функционира“ преку криминален „софтвер“ во структурата, инсуфициентен „хардвер“ и провизии!

April 12, 2017
Фото: Скриншот од видео на
24 Канал

Дмитриј Козак, соработник на Путин кој се спротивставува на војната во Украина, поднесе оставка од функцијата во Кремљ

September 18, 2025
Обожавателите пред студиото на Џими Кимел протестираат против прекинувањето на емисијата. Фото: Скриншот од видео на ВВС

ABC ја повлече емисијата на Џими Кимел „на неодредено време“ по заканата од администрацијата на Трамп

September 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Израелските тенкови навлегуваат во една од најгусто населените станбени области во Газа

September 18, 2025
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Д-р Бранко Блажевски: Здравството ни „функционира“ преку криминален „софтвер“ во структурата, инсуфициентен „хардвер“ и провизии!

April 12, 2017 11:51
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Новата влада, новиот министер, мора да сфатат дека ситуацијата во здравството не е алармантна, таа таква беше пред десет години! Денес не можеме да зборуваме за аларм. Денес можеме да свириме реквием!“, тврди неврохирургот д-р Бранко Блажевски, стручњак со над дведецениско искуство во операционите сали во државата и во странство. Во првиот дел од интервјуто за ЦИВИЛ Медиа, тој зборува за катастрофалната ситуација во јавното здравство во Македонија, во која најголеми жртви се пациентите, но и лекарите и медицинскиот персонал, за немањето на политичка волја кај властите во независна Македонија конечно да се пресметаат со тендер криминалот на „белите мантили“ и со хаосот во снабдувањето со лекови, и за шансите да се изнајде државотворна свест за да се смени нешто во „не-системот во кој царува животната сила  – провизијата“!

 

ЦИВИЛ Медиа: Постои ли лек за девастираното јавно здравство? Постои ли воопшто систем на здравствена заштита во Македонија?

БЛАЖЕВСКИ: Во изминатите две ипол години, имав можност да посетам неколку земји во опкружувањето и неколку земји во Европската унија кон која ние тежнееме. Мое мислење е и тоа можам да го кажам, дека по 25 години како независна држава, компарирано со земјите од Европската унија, Македонија, всушност, во овој момент нема организиран систем на здравствено осигурување на својата популација. Дури можам да бидам слободен и да кажам дека практично не постои никаков систем! Дали може да се зборува дека постои организиран систем на хаос, и кој тоа го поттикнува, тоа не можам да кажам. Она што можам да кажам е дека главни карактеристики на ова што денеска се прокламира како здравствен систем во Македонија, за кој морам да напоменам дека од 1991 година наваму се руинира, е стихијата која владее во решавањето на проблемите на пациентите кои имаат здравствени проблеми. И неорганизираноста. За своите пари, што пациентите ги плаќаат во Фондот за здравствено осигурување, тие добиваат мачка во вреќа! Граѓаните воопшто не знаат што ќе добијат, и решавањето на нивните проблеми е исклучиво поврзано со личен ангажман.

Во моментот кога вие ќе излезете од матичниот доктор, не можете ни да стигнете до наредната дистанца на лекување а камоли да ги решите вашите проблеми без личен ангажман. Значи, со јавувања по телефон, со вклучувања на пријатели, познаници, меѓу другото, и со „дилери“ кои работат на шетање на пациенти од една установа до друга. Уште полошо во целиот тој дел е што пациентите дополнително трошат пари. И на крајот, кога резултатите од таа ненавремена здравствена заштита ќе се искомбинираат со многу дискутабилниот квалитет на здравствените услуги, може да се каже дека Македонија се наоѓа во една многу лоша ситуација во погледна здравствениот систем. Уште полошо е, ми се чини, што во овие 25 години не се успеа да се постават основи за развој на еден систем, затоа што за да направите еден функционален систем, треба минимум од 15 и 20 години. Значи, не се поставени ни основите, базата врз која тој понатаму би можел да се развива и за 20 години, да почне да дава квалитетни резултати.

ЦИВИЛ Медиа: Иако новата власт ќе има многу приоритети, како реформите во судството и економијата, подобрување на влошената меѓународна позиција на Македонија, сметате ли дека Македонија има сила и знаење да се зафати со драстични реформи во здравството?

БЛАЖЕВСКИ: Следејќи ги сите собитија, комплетно во македонското општество, во овој момент можам да кажам дека ситуацијата во здравството е најлоша досега,  од неколку причини. Верувам дека и во судството е многу лошо, меѓутоа, сите тие судии и нивни помошници се наоѓаат тука некаде, за среќа на Македонија, тие не се иселени. Она што му се случува на здравството во Македонија во последните десетина години, како резултат на целата политика која се води од деведесеттите години, со побавно или побрзо темпо, е разлагање на тој систем, со што огромен број на доктори и медицински сестри ја напушта Македонија! Околу 600 доктори заминале во странство! И ако се додадат, сигурно уште 200 висококвалификувани професори, доктори со искуство, кои заминале во приватните болници и кои во ниту еден случај нема да се вратат во државните болници, мислам дека здравството во Македонија не може да се постави како приоритет, туку како ургентна состојба!

Новата влада, новиот министер, мора да сфати дека ситуацијата во здравството не е алармантна, таа таква беше пред десет години! Денес не можеме да зборуваме за аларм. Денес можеме да свириме реквием! Ние се наоѓаме во состојба на тотална дезорганизација. Еве, да не бидам скептичен, ние мораме да почнеме одново, за да поставиме еден современ систем на здравствено осигурување, вклучувајќи ги и современите текови и комплетно новата архитектоника на здравствените системи, вклучувајќи ги новите методи во светот. Значи, ние во Македонија се наоѓаме некаде во 1946-та година. Здравствениот систем, организацијата на здравството во Македонија денес, е на ниво на 1976-тата година. Не сум голем оптимист дека новиот министер и новата влада ќе можат многу работи да сторат, затоа што најважна е политичката волја. Политичка волја за изменување на еден таков не-систем, системот во кој царува животната сила  – провизијата, тешко дека ќе може да се смени. Тука мора да се покаже една државотворна свест, затоа што основата на овој „систем“ и понатаму ќе пропаѓа и здравството во Македонија ќе дојде до тотален колапс.

ЦИВИЛ Медиа: Ги споменавте провизиите. Ниту еден министер, ниту една влада досега, не успеаја да се справат со криминалните структури, во дел од јавното здравство, преку фаворизирањето на приватното здравство и на дел од фармацевтските компании. Кој е вашиот став?

БЛАЖЕВСКИ: Како функционира македонското здравство? Тука има три важни дела. Првиот дел е криминален софтвер што функционира во целата таа структура. Вториот е инсуфициентен хардвер и третиот дел – е провизијата. Значи, во државите кои произлегоа од некогашната држава – како Хрватска, Србија, Македонија, Црна Гора, докторите и медицинските работници беа фрлени на маргината. И се воведе еден интересен, локален, криминален софтвер. Таква работа не постои никаде во странство! Граѓаните, за своите пари кои ги даваат секој месец, а државата е многу ревносна во наплаќањето на придонесите за здравствено осигурување, мора да добијат квалитетна здравствена заштита! Значи, вашите здравствени проблеми мора да бидат решени на најдобар можен начин. Но, она што се случува со тој криминален софтвер е дека вие, како пациент, во моментот кога имате здравствен проблем, влегувате во еден не-систем, во еден лавиринт во кој мора сами да се снаоѓате. Државата тука воопшто не ви помага!

Има некои насочници, но кај повеќето од нив, ќе наидете на слепа улица. Во овој контекст сакам да напоменам две интересни работи. Во Законот за здравствена заштита стои дека пациентот има право да бира доктор –  што по мене претставува вистинска катастрофа. А тука е и проектот што беше воведен од последнава Влада, плаќање по учинок. Тоа се две работи кои се апсолутна грешка! Се тврди дека пациентот треба да има право да избира доктор, затоа што плаќа и за своите пари може да прави што сака. Проблемот е што избирањето на доктор треба да го врши државата, и тука не се работи за ускратување на некакво право на избор, затоа што пациентот како лаик, ако има проблем, во моментот кога ќе се востанови здравствениот проблем, треба да „патува“ во системот. И тој систем понатаму ќе го носи, во зависност од тоа дали вашиот проблем е комплициран. Но, во македонскиот таканаречен здравствен систем, вие влегувате во систем на телефони, на „дилери“, кои ќе ве носат кај разни специјалисти, иако 60% од тие специјалисти немаат поим за тоа што го работат, па „изнајмуваат“ други колеги во својот состав, под закрила на тоа дека тие се некои роднини на пациентот, да се заврши таа работа. Пациентите мора да го поткрепуваат тој „систем“ со разни подароци, со частења, и затоа таквото бирање на доктор, претставува апсолутна грешка.

Во државите кои ги посетив и се обучував, можев да видам како е организирано здравството: во моментот кога ќе стигнете во институциите кои треба да го решат вашиот проблем, клиниката одредува кој вас ќе ве оперира и кој ќе го реши вашиот проблем. И тоа ќе го направи најдобриот! Не можете вие да бирате, а да не знаете. Зашто, ќе налетате на „дилер“ кој ќе ве однесе кај некого кој нема поим и тогаш влегувате во „системот“, во кој не знаете што треба да добиете.

Втората работа, тој проект по учинок, тоа е вистинска катастрофа. Ако има состанок и директорот на клиника на масата има десет случаи со тумор на мозок, тој ќе ги подели на пет хирурзи по два. На оние што работат тумори. Не постои во светот – некој има голем учинок, некој има помал учинок, или што би рекле на македонски –помалку изработено. Значи, секој го работи она што му го дава шефот на клиниката. А, ако не работите – ќе си одите дома. Не може некој да има триесет случаи оваа недела да оперира, а друг да нема. А зошто? Затоа што за првиот „работат“ 30 души кои „дилаат“, од сестри, од болничари, од роднини, од колеги, разбирате? А половина од тие случаи тој воопшто не ги познава, па вика други колеги да го помагаат. Тоа се две работи кои не можат да опстанат, но го поткрепуваат криминалниот софтвер.

Како може да се реши тоа? Основата и базата на секој систем што го поставува државата ја претстваува лидерот. Значи, лидерот во државата, лидерот на клиниката, лидерот – директорот на болницата… Македонија нема потенцијал за такво нешто да направи, затоа што нашето медицинско образование е на исклучително ниско ниво, ние сме останати на 1970 година. Ако се знае дека медицинската информација застарува за три саати, ние сме еден цел век во заостаток. Тоа е едната страна. Друга работа е што кај нас е комплетно руиниран тој процес на поставување на директори, тоа се партиски луѓе, и секоја партија има одреден број на директори. Тоа е катастрофа! Такво нешто не постои во светот. За секоја јавна установа се распишува јавен конкурс, за секој кој се смета способен и ги исполнува условите, да се кандидира. Условите ги поставува Управниот одбор на клиниката кој треба да ги покрие овие задачи. Но, кај нас, во Управниот одбор најчесто се тројца надворешни членови кои немаат поим, или се тројца корумпирани или тотално неписмени, кои го поддржуваат директорот. И сега, директорот не му поднесува извештај на Управниот одбор, туку обратно, УО ги покрива проблемите на директорот. Ако директорот е тотално некомпетентен, тоа води во хаос. Вие можете да му правите што сакате, но затоа, тој има „антидот“, знае дека тој и тој тендер ќе помине и оттаму ќе земе пари.

И сега, како може државата тоа да го среди? На пример, јас сакам да конкурирам за местото директор на болницата во Битола, но таму не можете да земете како менаџер – 1.000 евра плата. Државата тоа нема да го исплати, затоа што во здравството и во образованието, во секоја посткомунистичка држава нема пари. И, нема да ви дадат 1.000 евра плата, но државата ќе ви дозволи да си поткраднувате од тендерите! И сите се задоволни, а сето тоа води кон пропаст! Значи, имаме  лоша база и јас не сум голем оптимист дека и наредната влада тоа ќе го поправи. Затоа што треба подготвеност, мора да имате хардвер кој е комплетно различен од ова што го имаме, и да се има политичка волја.


Интервјуто е дел од проектот „Општество без граници“, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Цел на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за „Граѓанската повелба“, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување.

Маја Ивановска

Камера: Дехран Муратов

Фото: Биљана Јордановска


(Вториот дел од интервјуто со д-р Бранко Блажевски за ЦИВИЛ Медиа ќе го објавиме утре)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: државотворна свестздравствен системјавно здравствокатастрофакриминалплаќање по учинокполитичка волјапровизииреформитендери
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    240 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ