• Latest
Војо Маневски

Да се простува е внатрешна потреба на човекот

March 14, 2021
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Да се простува е внатрешна потреба на човекот

March 14, 2021 11:02
in МУЛТИКУЛТУРА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ВОЈО МАНЕВСКИ

Зборот Прочка доаѓа од старомакедонскиот словенски збор  „простение“ или  од глаголот „проштати“. А значењето е духовна метла со која ја метеме нашата душа од гревовите.

– Ратомир Гроздановски

Овој празник во моето сеќавање е некаде при врвот на празниците, затоа што секогаш ме потсетува на семејните посети на роднините и пријателите, на баклавата на мајка ми и на портокалите (долги години ги викавме протокали) што задолжително се носеа кога требаше да се одржи ритуалот на барање прошка.

Кога животот ме однесе некаде подалеку од семејните собирања, залудно го барав празникот во црковните календари. Наидував на други празници, но никако да ја најдам Прочка. Поклади, сирна недела, ама прочка ја немаше. Веројатно и пишувањето на календарот има некои правила за кои не знам.

Пишувало не пишувало со црвени букви, за мене е голем празник. Бидејќи остарев во град каде што со векови се мешале луѓе и традиции  и затоа побарав да најдам, зошто се слави на наш специфичен – штипски начин.

„Прочка е празник, колку на проштевањето, толку и на покајанието. А покајанието и проштевањето се почеток на Евангелието. Првите зборови на Господ Исус Христос биле повик на покајание, проштевање и љубов“ – пишува Гроздановски.

Во деновите кога ја чувствуваме убавината на Бајрамскиот празник и заедништво, време е да размислиме дали во нашата околина има некој кој е осамен, има ли некој кој е гладен? Пророкот Мухамед вели: „Не е верник оној кој заспива сит, а знае дека неговиот комшија заспива гладен.“

„Во одбраните денови на Бајрам, ние треба да се посетуваме, а посебно да ги посетиме оние со кои не сме во добри односи или сме си кажале лоши зборови меѓу двата празника, зошто овие денови треба да се пред сѐ победа над своето его, себичноста и гордоста“ – пишува ефендија Ровчанин.

Колку читале теолошки книги моите сограѓани не знам, ама знам дека во традицијата се испреплетени начините на празнување на овие празници така што тие станале дел од нивниот живот и обичаи.

И за едниот и за другиот празник обичајот налага правење на татлии (слатки, колачи, разни десерти) и посета на постарите, ама и на оние со кои настанала некаква замерка и кавга. Баклавата е задолжителна како и раванија со 16 јајца. Добра домаќинка тоа знае да го стокми таман како треба и за дома, ама и за носење на простување кај постарите. Ууу, греота, ако не успее да биде со висок квалитет. До следниот празник ќе трае каењето. Печењето е умешност од врвна важност и од него зависи тврдоста на баклавата и процесот на постепено топење и впивање на вкусот во устата. Кога жири-комисијата од постари домаќинки ќе ја проба после чинот на проштевање.

„Ммм, добра, е ама како малку да ти се потпекла, шербетот добро не го упила…“

„Ммм“ – гест кој може да трае цела космичка вечност – „малку како да е недопечена, брашното се чувствува во шербетот, а за ореви си ставила доволно, ред кори ред ореви, нема што богата си ја направила“.

И кога се ќе се изнивелира во духот на празникот, едно прашање виси како завршна оценка: „Кој ти ја сечеше баклавата?“

Е, тоа никако не ми беше јасно „зошто е важно сечењето“. Понекогаш баклавата стоеше покриена со бело „цедилко“ цел ден, чекајќи го комшијата Ангел да дојде. Ангел беше пекар и знаеше со тенок нож и вртење на тепсијата да ја направи баклавата како арабеска шарена, а сите парчиња да се еднакви. Те на косо, те на право, те во круг и на крајот сите парчиња баклава се исти, ама и сè според равенката што ќе му ја зададеше мајка ми – да има 48 парчиња. „Големо семејство сме, а јас сум меѓу постарите и сите ќе дојдат на прочка.“ Важно е сите парчиња да се еднакви и секој да добие исто. На прочка не смее да се подгрева зависта и раздорот. На секој исто парче баклава. И на домашните и на гостите, а исто и на оние кај кои се оди да се бара прошка.

Пред десетина години, на празникот Хаџиски Бајрам  бев повикан на гости кај мојот другар од детството Хусеин. По убавиот муабет за детството и корзото неговата сопруга нѐ понуди да се почестиме со баклава за празникот. Додека ни ставаше парчиња баклава, во малите чинии од кристал, ја здогледав тепсијата од бакар. Внатре баклавата беше исечена како арабеска и исто како и баклавите на мојата мајка што ги сечеше фурнаџијата Ангел. Сите парчиња еднакви, за сите иста големина.

Тогаш сфатив каде е запишана Прочка и во кој црковен календар. На страницата на животот и тоа со големи букви. Колку и да ја толкуваме и ставаме во некакви корици што ги пишуваат длабокоумни филозофи, таа е суштината на човечкиот живот. Господ нѐ створил сите еднакви, ама ние се делиме. А за да се има повеќе од другите, треба некој друг да има помалку. Луѓе сме и грешиме, ама ако се покаеме за грешките ќе може да побараме прошка од оној на кој сме му згрешиле. Да простуваме е внатрешна потреба на секој човек. Ако не простуваме ќе останеме сами, заштитени со нашето его, горделивост и умислена непогрешливост.

Па проштевајте граѓани и граѓанки и нека ви е просто.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ