• Latest

Да ти е срам и страв да живееш во „метрополата“ наречена Скопје!

January 22, 2024

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА БЛИЦ

Да ти е срам и страв да живееш во „метрополата“ наречена Скопје!

January 22, 2024 19:25
in БЛИЦ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДИЈАНА ТАХИРИ

Деновиве е срамно да живеш во Скопје, главниот град на Северна Македонија, или, како што често се милува да се нарече „метропола“. Метро град- пола џунгла! Или обратно.

Не знам дали попрво да се осврнам на „големата грижа за граѓаните“ од страна на државата во однос на личните документи и патните исправи за кои голем број од граѓаните треба да одвојат време ( од работното, слободното приватно) и плус пари од месечните примања за да си обезбедат пасоши со придавката „Северна“, а за што веќе се потрошени тие пари при помена поради истекување на исправите – а од државата не се погрижија навреме да се издадат со новото име. Не прашувајте како знам – вадев пасош пред две години! Ако не друго, барем трошоците да ги покриеше државата.

Или, денешниот срам – скопјани 8 часа ( а можеби и повеќе), немаа јавен превоз.

Причините за штрајкот на работниците на ЈСП ја знаеме, но, не е јасна причината зошто не се изгласаа субвенциите на првата седница, штом веќе се изгласаа на втората, или продолжението на првата, како и да е. Или, зошто мораше на почетокот на втората седница да се побара пауза од 30 минути, во 15: 30 часот?! Токму кога на граѓаните им завршува работното време!?

Како што прочитав, советниците од ВМРО -ДПМНЕ на првата седница биле воздржани, па затоа не се постигнал бројот гласови за субвенциите ( бидејќи ако си воздржан, никој нема да се лути!). Но, ова е позната вмровска игра, само, не знам со кого, со гласачите ли?

На втората седница, координаторка на СДСМ побарала пауза од 30 минути, во 15: 30 часот. Не се знае зошто е побарана паузата, но од каде што седам јас, и не само јас, тоа се толкува како намерна тактика, со акцент на 15:30 часот!  Слободно нека се изјаснат зошто токму тогаш е побарана пауза. Можеби и ќе поверуваме.

Скопјани на времето памтеа кој ги врти, кој не ги врти, а кој си игра на нивна сметка. Не сум сигурна за сега, на многу им зависат работни места, па ќе си премолчат и за патни исправи, ќе си чекаат редови за пасоши, ќе чекаат паркирани автобуси на минусни температури, и ќе продолжат со сивиот живот во очекување на некое државно работно место за своите деца, внуци, роднини, секако, по „гласање по убедување“ на следни избори.

Посебен поздрав и до владата, на која за жал, баш денеска и се погоди да има хаос во сообраќајот, на денот кога се одржуваше состанокот на лидерите од Западен Балкан, па не можеа да реагираат експресно. А, можеби и не дознале. Не се возат со јавен превоз.

И, така. Помина уште еден ден, уште еден срам. Памтете кој ве врти, кој не ве врти, и кој си игра на ваша сметка. Не се знае тркалото кај кого ќе застане во иднина…

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ